За него

Што сакаат момците?

21 декември, 00:25

Исто како и девојките поголемиот дел од момците имаат префинет вкус кога станува збор за одбирање на девојка. 
На повеќето од нив многу им е важен надворешниот изглед на девојките, важно им е како се тие облечени, каква им е косата и ред други работи. 
Секако дека вкусот е различен кај сите момци, но постојат некои работи кои на сите нив им се заеднички кога станува збор за одредени квалитети кои треба да ги поседуваат потенцијалните партнерки, а тие се следниве:

момците бараат партнерки кои имаат добра смисла за хумор 
Оваа особина е на врвот од листата на момците бидејќи тие сакаат да имаат партнерки кои секогаш ќе бидат насмеани, кои ќе знаат да се смеат на сите нивни шеги и кои имаат одлична смисла за хумор. 
За момците важи правилото дека пар кој знае заедно и на исти шеги да се смее, најчесто и многу долго останува заедно, па девојки размислете какви ќе бидете кога ќе се најдете во друштво на идните потенцијални партнери.

момците сакаат слобода
Ако веќе подолго време сте во врска или пак сте на почетокот на нова врска, важно е секој од вас да има свое слободно време во кое ќе прави работи по своја желба. 
Врската не значи дека двајцата треба да бидете заедно по цели денови. Напротив дајте си еден на друг слободно време за да уживате во некои други работи кои ве прават среќни. На таков начин повеќе ќе си недостигате еден на друг .

момците сакаат да се дружат
Никако не смеете да го одделувате вашиот партнер од неговите другари и да барате од него да биде цело време само со вас. Наместо да се обидувате тоа да го правите, обидете се да се вклопите во секое негово друштво. Покажете малку повеќе зрелост и проширувајте го вашиот заеднички круг на пријатели.

момците сакаат да им се восхитувате
Момците сакаат за секој нивни успех да добијат награда, а тоа секако е восхитувањето од нивните партнерки. 
Тие сакаат партнерките да им се восхитуваат на секој нивни постигнат успех, сакаат да се чувствуваат дека се омилени и сакани, дека нивните партнерки се гордеат со нив и дека им е важен секој нивни чекор и успех.

момците сакаат поддршка
Поддршката која момците ја бараат од нивните партнерки е огромна. Ако планирате да имате долга врска со вашиот партнер знајте дека треба да го поддржувате скоро во сите негови идеи или проблеми. При било какви проблеми дајте му до знаење дека го разбирате, ако можете помогнете му со некој ваш совет, ако не ислушајте го и кажете му дека вашата поддршка е безусловна. Убаво е партнерот да знае дека секогаш ќе бидете на негова страна и дека всушност вие ќе бидете тим кој заедно ќе ги преброди сите препреки кои ги носи животот.  
 


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 1311 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

18 Мај

18 Мај
Во 1872 година во селото Влахи, Мелничко, во Пиринска Македонија, денешна Бугарија, е роден Јане Сандански, еден од најистакнатите македонски револуционери, познат и почитуван војвода и одличен раково
© 2022 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус