За него
Што треба да знаете пред да порачате костум?
Ако сте се одлучиле да шиете костум, мора да знаете дека костимот е дел од тешката конфекција, затоа кога избирате кој ќе го шие вашиот костум нека биде искусно лице за кое имате добри препораки.
Порачката на костум по ваша мерка дефинитивно е најдобрата опција, особено за оние кои се меѓу број. Една од многуте предности е тоа што сами избирате од каков материјал сакате да биде, сами го избирате моделот и тој се изработува според градбата на вашето тело.
Друга предност е цената. За одредени модели на костуми можете да заштедите пари доколку го шиете.
Не се срамете пред кројачот, негова должност е да ги задоволи вашите потреби. Бидете отворени и разговарајте за проблемите при купување костум, дали тоа е стомакот, задникот, висината или ширината на рамената. Секој човек има различна градба, затоа и секој костум не стои исто на секој човек.
Кога избирате материјал, тој треба да биде убав на изглед, но пред сè е важно да има еластичност, да е пријатен и издржлив. Доколку немате познавања од квалитетот на материјалите консултирајте се со вашиот кројач, тој знае кој материјал е подобар и повеќе одговара на избраниот модел. Така за некои модели се препорачува помек материјал, а за некои цврт материјал.
Независно од класичните модели кои можете да ги најдете во продавниците, кројачот може да го скрои костумот по ваша желба, со џебови, јака и петличиња по ваш избор.
Доколку сте љубител на костуми од три дела (сако, панталони и елек) нема потреба да размислувате дали да шиете или не.Триделните костуми се враќаат во мода.
Секој недостаток пријавете го, затоа што не е доцна да се поправи.
Во изборот на сако мора да внимавате на вашата висина:
Низок маж – се препорачува сако со едно копче и поголем V отвор. Така се постигнува визуелно издолжување на телото.
Висок и широк маж – се препорачува сако со три копчиња и помал V отвор, како би се направило визуелно стеснување на телото.
Висок маж – може да се направи комбинација од две или три копчиња.
Додади коментар