Здравје, Природни лекови

За што може да ви помогне чудотворното овошје калинка

27 октомври, 12:25

Веќе имаме спомнато дека калинката е извор на здравје и дека е моќен лек.

Кај многу народи токму калинката се сметала за симбол на плодност и домашна среќа.

Древните Египјани биле погребувани со ова овошје бидејќи верувале дека таа симболизира надеж и нов живот, а на многу стари икони се забележува како Девица Марија и бебето Исус во раката држат калинка.

Плодот на калинката претставува вистинска мала витаминска бомба на вредни биоактивни состојки кои ублажуваат многу здравствени нарушувања и болести.

Калинката е богат извор на витамините А, Ц, Е, Б1, Б2, Б5, селен, цинк, железо, натриум, калиум, калциум, фосфор, магнезиум, бакар и два типа соединенија на кои им се припишува антиоксидантна активност.

Бројните истражувања кои во последно време сѐ повеќе и повеќе се вршат на калинката покажуваат неверојатно добри ефекти по однос на здравјето.

Калинката дејствува на:

  • засилување на комплетната отпорност на организмот и ги намалува штетните ефекти предизвикани од алкохол, пушење и УВ зрачење;
  • против воспалителни процеси предизвикани од вируси и бактерии и помага во зараснувањето на раните;
  • го забавува процесот на прогресија на Алцхајмеровата болест;
  • го намалува крвниот притисок и го регулира холестеролот;
  • го намалува ризикот од артериосклероза;
  • ги ублажува симптомите на менопауза, како и ги намалува несаканите симптоми пред и за време на менструалниот циклус;
  • ја подобрува еректилната функција, го зголемува квалитетот на спермата со што ја подобрува плодноста кај мажите и има позитивен ефект врз либидото;
  • антигените растителни хормони на калинката го одржуваат нивото на специфичниот антиген на простатата - PSA стабилен со што го намалува ризикот од појава на рак од една страна и го успорува напредокот на ракот на простатата од друга страна;
  • растителните хормони на калинката помагаат во случаи на малигни заболувања на дојка, јајници, простата, бел дроб, желудник, кожа и кај леукемија - студиите покажале дека калинката ги уништува клетките на ракот оставајќи ги здравите клетки непроменети;
  • ги заштитува забите со што ја регулира микрофлората на устата и дигестивниот тракт;
  • позитивно влијае на пренаталниот раст и развој на детето, употребувана од страна на мајката во текот на бременоста го штити мозокот на новороденчето од оштетување;
  • поволно влијае на ноктите, косата и кожата;
  • природно го забавува стареењето на кожата и ги намалува брчките, ја навлажнува кожата на лицето и телото, ја зајакнува и ја прави еластична;
  • ги ублажува депресивните состојби.   

Како што можете да забележите благодатите кои ова чудотворно овошје ги дава по однос на здравјето се огромни.


Токму сега е времето на калинки, искористете го овој период и секојдневно јадете барем по една калинка. Веднаш ќе ги забележите позитивните ефекти.


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 36807 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

28 Март

28 Март

Во 1986 година во Њујорк е родена Стефани Џоан Ангелина или позната за светската јавност како Лејди Гага. 

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус