Животен стил, Пилатес и јога

За што сé помага јогата

08 март, 07:41

Со јогата ќе допрете во самите себе, ќе допрете во вашата душа, сетилата и чувствата ќе ги свртите кон вас, кон самите себе, и ќе дознаете многу неверојатни нешта за кои претходно не сте ни биле свесни дека ги поседувате или дека можете да ги постигнете. 

Јогата ќе ви открие еден сосема нов, но истовремено и веќе за вас познат свет и полека, не наметнувајќи се, ќе ве натера да го промените во вас или на вас она што до сега мислевте дека не е добро, но не сте знаеле како да го промените.

Првенствено многу позитивно ќе делува на вашето здравје, а како последица на тоа и на сé останато во вас и околу вас. 

-    Јогата помага за постигнување на единство помеѓу умот, телото и духот. Ова постигнато единство помага да се подобри квалитетот на животот, во смисла на радост, здравје и хармонија со самите себе, а и со надворешната околина.

-    Јогата помага за постигнување на поголема свесност за самите себе, помага да се прифатиме онакви какви што сме; јогата помага за зголемување на  самодовербата, за подобрување на концентрацијата, помнењето, способноста за учење и го подобрува расположението.

-    Јогата помага за подобрување и зацврстување на мускулите; помага за да научиме правилно и длабоко да дишеме; помага за зголемување на флексибилноста и еластичноста на телото и постигнува баланс на телото; јогата исто така помага и за намалување на болките предизвикани од артритис.

-    Практикувањето на јога го подигнува нивото на позитивни енергии во телото, како оптимизмот и ентузијазмот, го зголемува чувството на поголема свесност и будност и ги намалува негативните енергии во телото, како што се насилност, нервози и подложност на заболувања.

-    Редовното практикување на јога доведува до нормализирање на работата на нервниот систем, доведува до нормализирање на работата на срцето, на стомачните активности, нормализирање на работата на хормоните како и до зголемување на еластичноста на телото.

-   Јогата исто така го стимулира имунолошкиот систем и ја подобрува координацијата око - рака, ја подобрува навремената реакција, ја развива способноста за справување во секаква ситуација и помага во постигнувањето на мирен сон.

Размислете и запрашајте се, дали и покрај сите овие информации кои веќе ги имате пред себе, не е крајно време да се запишете и да почнете да практикувате јога? 

Времето кое би го посветиле за практикување на оваа техника, сметајте дека е влог во вашето здравје и иднина.

Па нели вреди да се инвестира во здравјето?!

 


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 2625 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 Март

29 Март
Во 1943 година е роден познатиот грчки композитор на електронска музика Евангелис Одисеас Папатанасиу или за јавноста познат под уметничкото име Вангелис.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус