Забава
Итро куче
Сопствениците му забраниле на нивното куче да се качува на креветот.
Додека се тие дома, тоа ги почитува нивните наредби, но што се случува кога тие не се дома? Дали и тогаш кучето ги почитува наредбите?
Сакајќи да се уверат дека нивното куче е паметно и послушно, тие поставиле скриена камера со која снимиле што сѐ нивното куче прави додека не се дома.
Можам да си замислам што ќе одговорите без да го погледнете видеото исто како и јас, но сепак ви предлагам да го погледнете и да се уверите во итрината на ова куче.
Како него има уште безброј многу други кучиња, а ако и вие имате вакво домашно милениче на кое не му е дозволено да прави одредени работи во домот, бидете сигурни дека кога вас ве нема, тоа ужива да ги прави и со сигурност ги прави работите кои му се забранети.
Колку се само итри денешните куќни миленици
Додади коментар