Забава

Кате слаткарката

06 март, 12:05

Седеле дома маж и жена и жената му рекла на мажот:

- Мажу, тече вода во купатилото!

- Е што мори жено, јас на Перо водоинсталатерот да не ти личам - ѝ рекол мажот.

- Добро бре мажу, ама барем столовите некако поправи ги, се нишаат и можат да се скршат - му рекла жената.

- Аман мори жено, не сум јас Стојан столарот - ѝ рекол повторно мажот.

После некое време мажот отишол на работа и вечерта кога се вратил, забележал дека и купатилото и столовите се поправени, па ја прашал жената:

- Жено ти сама ги среди столовите и го поправи купатилото?

- Не мажу, вака се случи, дојде мајсторот ги поправи столовите и купатилото и ми рече : „сега направи ми една торта така слатка како тебе, или наведни се да те о****”.

- И ти што направи?- ја прашал мажот.

- Па јас на Кате слаткарката да не ти личам?! - му одговорила жената.


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 2285 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус