Животен стил, За неа
Зак Позен – мајсторот на гламурозните креации
27 март, 00:06
На презентацијата на својата најнова колекција на долна облека, Дита Вон Тис се појави во креација на Зак Позен, потсетувајќи ја јавноста дека Позен е еден од најголемите мајстори на гламурозни и женствени креации.
Венчаниците, долгите елегантни тоалети, но и кратките фустани на Позен имаат посебна женственост и убавина.
Неговиот пат кон славата започна пред 14 години, кога на јавноста ѝ се престави со прекрасниот фустан креиран специјално за Наоми Кембл.
Денес неговите креации ги носат Натали Портман, Кејт Винслет, Ријана, Бијонсе, Глен Клоуз и ред други музички и филмски ѕвезди.
Уживајте во магијата на креациите на Зак Позен.
Дита Вон Тис во креација на Зак Позен
Венчаницата која предизвика воодушевување
извор: Мој Портал
автор: Stojanovska Elena
Оваа вест е прочитана 4073 пати.
Додади коментар