Позитива, Статии

Замисли свет на...

15 октомври, 04:09

Замисли свет на насмевки и љубезност. Свет каде секој секому ќе каже некој убав збор и искрено ќе се насмевне, ќе разубави нечиј ден без причина, само поради она прекрасно чувство кога знаеш дека твојата насмевка некому ќе му го промени денот.

Замисли свет на хуманост. Свет каде секој некому ќе подаде рака, ќе помогне без да бара да му возвратат, ќе направи нешто добро за оној на кого му треба помош.


Замисли свет на добрина и простување. Свет во кој царува љубовта, искреноста, способноста да го најдеш доброто во секој човек.

Замисли свет на праведност. Свет во кој пред да го осудиш другиот најпрво ќе погледнеш длабоко во себе, пред да обвиниш ќе ја побараш причината за туѓите постапки.

Замисли свет на мудрост. Свет каде вистинската причина за нашето постоење секогаш е на прво место, свет каде секој работи на себе и на усовршувањето на вистинските вредности.

Замисли таков свет, потоа направи сè што е во твоја моќ да бидеш дел од него. Можеби една капка не може да направи море, но ако ти не направиш ништо, морето ќе биде посиромашно за таа една капка.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 3360 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

20 април

20 април

Во 1950 година е роден Столе Попов, еден од најистакнатите македонски филмски режисери.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус