Занимливост

Чудо на природата

31 јули, 15:37

Природата постојано нѐ изненадува со својата разновидност. Богатството на растителниот и животинскиот свет е неисцрпно, а од неодамна сè почесто е збогатено и со необични јастози.

Имено, пронајдени се јастози со неверојатни бои, и тоа: светло сини, портокалови, жолти, бели, па дури и јастози на кои телото им е поделено на две бои. Ваквите јастози се реткост бидејќи веројатноста да се најде син јастог е 1 на 2 милиони, а веројатноста за бел 1 на 100 милиони. 

Научниците не можат со сигурност да потврдат зошто овие јастози имаат толку невообичаени бои. Освен живописната боја, овие јастози не се разликуваат од обичните. Кога ќе се зготват, вкусот им е ист, а добиваат и иста црвена боја, освен белиот, кој нема пигмент, па не ја менува бојата.


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 2198 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус