Занимливост

„Данмала” цветни кругови од Кети Клајн

08 јули, 07:52

Човековиот ум не познава граници кога станува збор за креирање и создавање на неверојатно убави и несекојдневни работи.

Прекрасните цветни кругови кои ги создава уметничката Кети Клајн и кои таа ги нарекува „данмали” се вистинско уживање за очите кои предизвикуваат чувства на смиреност и опуштеност.

Во текот на изработката на овие преубави цветни аранжмани, Кети Клајн секогаш го запазува и се раководи по следниот редослед: од природата одбира најразлични видови на цветови и природни предмети, потоа застанува во центарот на добро одбран медитативен простор во кој навлегува во медитативна состојба, таа состојба на медитација која ја постигнува со помош на мантра и која го олабавува и опушта нејзиниот ум ги раководи нејзините раце кои ги изработуваат овие прекрасни и несекојдневни цветни аранжмани.

Направени со многу голема љубов и трпение, „данмала” цветните кругови се вистински уметнички дела кои предизвикуваат восхит.

Пораката која во себе ја носат „данмала” декорациите е многу јасна и едноставна.
Имаат за цел да го опуштат нашиот ум, да ги насочат нашите мисли кон нешто што е убаво и достојно за почит, да нèнатераат позитивно да размислуваме и да имаме позитивен пристап кон нештата.

Кети Клајн успева токму тоа и да го предизвика кај сите оние кои досега ги виделе овие „данмала” цветни декорации.

За повеќе фотографии од „данмала” цветните кругови посетете го сајтот http://www.danmala.com/gallery и уживајте во едноставноста и убавината.

 


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 3314 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

18 април

18 април

Денес се навршуваат 59 години од смртта на Алберт Ајнштајн, генијалец со објавени над 300 научни и 150 ненаучни трудови.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус