Занимливост

Охридскиот виртуоз на виолина

03 ноември, 16:16

Вљубениците во звуците на виолината ќе имаат можност да уживаат во концертите на младиот виртуоз Ѓорѓи Петровски кој ќе настапи во три градови во републиката.

Концертите ќе се одржат во Штип, на 04.11.2015 во 19 часот во Музичкото школо, Охрид, на 06.11.2015 во Музичкото школо „Методи Патчеʺ во 19 часот и Скопје, на 10.11.2015, во Концертната сала на ФМУ во 20 часот.



Роден во Охрид на 21.02.1993 год. Ѓорѓи Петровски е еден од оние кои од мала возраст почувствувале дека музиката е свет каде се влегува со сето свое телесно и духовно битие.

Започнувајќи го своето основно образование тој во исто време ги отвора и вратите на музиката запишувајќи и нижо музичко училиште каде звукот на виолината се всадува длабоко во него. Откривајки ги нејзините тајни тој почнува да работи со сè поголем ентузијазам, па почнуваат да се редат разни мали перформанси каде неговата сензибилност и чувството што ви го пренесува кога го слушате како да ја прераскажува музиката.

Почнува да учествува на разни натпревари на кои освојува повеќе награди. Учествува на Меѓународниот натпревар Охридски Бисери каде добива пофалница, но е забележан од членовите на комисијата за отценување, па на покана на професорката Ервис Гега во мај 2005 год. оди на семинар во Музичката Академија Рајналд-Фалц во БОН и посетува Мајсторски курс по виолина. Сознанијата од тој семинар ги надоградува со понатамошното образование и учествувајќи на други натпревари.

Во 2006 година, на Државниот натпревар во камерна музика во Битола ја освојува првата награда, а следната година, на државен натпревар во Битола освојува втора награда. Следејќи го својот пат се запишува во Средното музичко балетско училиште Илија Николоски-Луј, но виолина продолжува да учи во класата на професорот Олег Кондратенко каде веќе се поставуваат цврстите темели за неговите амбиции во светот на виолината.

Паралелно учествува на Летните музички кампови во 2009 и 2010 год. што ги организира Музичката младина на Македонија под раководство на проф.Олег и Ана Кондратенко.

Постојано учејќи го гради и својот стил и е забележан на Меѓународниот натпревар Охридски Бисери во 2009 год., а во 2010 год.на Државниот натпревар ја освојува првата награда.

Не застанувајќи со уште поголем ентузијазам зема учество и на Меѓународниот натпревар во Ниш оваа година и ја освојува првата награда.

Следуваат настапи и учества на концерти во неговиот матичен факултет, Музичката Академија, и станува член во повеќе оркестри.

Континуирано зема учество на Меѓународниот натпревар за виолина „Бисериʺ во јуни 2012 год. каде ја освојува третата награда.

Неговата интенција, неговата визија за животот и музиката да бидат едно, се неговото мото.

Од 2012 активно учествува во оркестарот за филмска музика Fames Project - Film Music Recording Company.

Убаво е кога некој го следи својот сон. Цврсто и упорно го гради својот пат кон иднината. Ако во малите години започнал со детски желби сега веќе се изградил во свесна визија за себе, Ѓорѓи Петровски го следи својот сон.

 

 

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 5866 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 Март

29 Март
Во 1943 година е роден познатиот грчки композитор на електронска музика Евангелис Одисеас Папатанасиу или за јавноста познат под уметничкото име Вангелис.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус