Занимливост

Легендата за новогодишниот чорап

03 јануари, 07:03

Многу одамна си живеело едно сиромашно момче кое немало новогодишна елка. Се ближела Нова Година, а момчето било тажно бидејќи знаело дека Дедо Мраз ќе нема каде да му остави подароци. Пред да си легне момчето си ги испрало чорапите и ги ставило да се сушат обесени над огништето. Бидејќи имало само еден пар чорапи, момчето морало да ги пере секоја ноќ пред легнување.

Ноќта дошол Дедо Мраз и се изненадил кога видел дека нема елка. Се запрашал каде да ги остави подароците за момчето, а потоа ги забележал чорапите и решил да ги наполни со подароци.

Следното утро момчето ги пронашло чорапите полни со најубави изненадувања. Пресреќно, побрзало да им каже на своите другарчиња и тие да си стават чорапи на огништата. 

Веста се прочула надалеку, па следната Нова Година многу семејства си ставиле новогодишни чорапи во домовите.

И сè уште многу од нас го прават тоа...


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 8002 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

18 април

18 април

Денес се навршуваат 59 години од смртта на Алберт Ајнштајн, генијалец со објавени над 300 научни и 150 ненаучни трудови.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус