Занимливост

Во скоро време да очекуваме лек за ќелавост?

14 септември, 13:25

По долги истражувања, научниците веруваат дека за скоро време ќе можат да создадат лек за ќелавоста. Истражувањата покажуваат дека витаминот Д им помага на клетките да се трансформираат во фоликули, така што ќе се овозможи растење на нови влакна.

Д-р Марк Аврам, професор по дерматологија на Њујоршкиот Медицински колеџ Weill Cornell, изјави дека во наредните години ќелавоста ќе стане доброволна работа.

Со овој проблем денес се соочуваат голем број на лица, пред сè мажите на возраст над 50 години. Но, овој проблем се јавува и кај млади лица.

Иако како опција се наведува и трансплантација на коса, сепак, тоа е скап третман кој не може секој да си го дозволи.

Со откривањето на лекот како да се надмине ќелавоста и на каков начин да се внесува витаминот Д мора да се внимава и на негативностите. Преголемото количество на витамин Д може да предизвика абнормален срцев ритам, камења во бубрези, гадење или запек.

Сепак, ова откритие дава надеж за добивање на битката со ќелавоста.


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 915 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус