Животен стил, Хороскоп и Нумерологија

Западна кинеска нумерологија -1 Дел

15 мај, 06:11

За појавата на Кинеската нумерологија постои верување дека некој кинески император видел школка на желка обележана со совршен квадрат од 9 коцки. Бидејќи била пронајдена на реката Ло, се нарекува Ло Шу Решетка/Квадрат. Кога броевите во квадратот ќе се соберат вертикално, хоризонтално и дијагонално, го даваат бројот 15.

Има три типа на кинеска нумерологија: Западна, Традиционална и Ки.

Западниот тип на кинеската нумерологија го вклучува денот на раѓање, квадрат наречен Ло Су квадрат и Стрелите на Питагора. Се верува дека овој квадрат може да ви ги покаже вашите карактерни црти. А Стрелите на Питагора укажуваат на силните и слабите страни од вашиот карактер.

За пример ќе го земеме следниот датум на раѓање - 27.05.1984. Најпрво гледаме кои броеви се повторуваат. Бидејќи во нашиот пример нема повторувања, почнуваме со пополнување на квадратот. Значи нема никакви пресметки, едноставно почнувате да ги распоредувате броевите 2, 7, 5, 1, 9, 8, 4 во квадратот, почнувајќи од долниот-лев агол каде што ја внесуваме единицата, на сликата долу се дадени позициите на броевите

 

Pozicija_na_broevite_vo_kvadratot

Доколку во вашиот датум на раѓање некои броеви се повторуваат пример 22.10.1952 ги внесуваме сите повторувања т.е. броевите 2, 2, 1, 1, 9, 5, 2.

ИНТЕРПРЕТАЦИЈА

Бројот 1
Во Кинеската Нумерологија, бројот 1 го означува начинот на кој личностa комуницира со другите. Исто така го покажува и нивото на самодоверба.

Број на 1-ци

Значење

1

На овие луѓе им е тешко да ги искажат своите внатрешни емоции. Тешко ги согледуваат туѓите светогледи. Имаат мала самодоверба.

2

Овие луѓе многу лесно се изразуваат. Можат да ги сфатат туѓите светогледи многу добро. Ова е совршениот број на единици во нумеролошкиот квадрат. Имаат самодоверба.

3

Има два типа на луѓе кои имаат три 1- ци во нумеролошкиот квадрат... едниот тип постојано зборуваат, а другиот тип на луѓе може да не изустат ни збор. А повеќето може да бидат и двата типа, зависно од ситуацијата. Овие луѓе во основа се среќни и задоволни. Имаат тенденција да бидат забавувачи или работата им е поврзана со комуникација. Имаат голема самодоверба.

4

Луѓето со четири 1-ци имаат потешкотии во вербалното изразување на своите мисли и чувства. Ова се доста емотивни луѓе, често се погрешно сфатени и тешко се релаксираат. Имаа екстремна самодоверба.

5+

Луѓето со пет или повеќе 1-ци во нивниот нумеролошки квадрат имаат екстремни тешкотии во вербалното изразување. Често се изразуваат преку пишување, глума, сликање, или танц. Лесно развиваат зависност. Овие луѓе имаат екстремна самодоверба.

 
Бројот 2

Овој број укажува на чувствителноста, перцептивноста и интуитивноста на личноста. Исто така, укажува колку личноста е кооперативна, диплмотична и тактична!

Број на 2-ки

Значење

1

Овие луѓе се чувствителни, перцептивни и интуитивни. Лесно можете да ги повредите и лесно ја препознаваат неискреноста и нечесноста кај другите. Имаат низок степен на кооперативност, дипломатичност и тактичност.

2

Луѓето со две 2-ки се многу интелигентни, чувствителни, перцептивни и интуитивни. Можат да ги забележат мотивите на другите, а нивниот прв впечаток за другите луѓе обично е точен. Имаат висок степен на кооперативност, дипломатичност и тактичност.

3

Овие луѓе имаат изобилство на чувства и интуитивна енергија и лесно може да бидат повредени. Затворени се и живеат во светот на нивните емоции. Претпочитаат да бидат сами наместо со луѓе што можат да ги повредат. Обично во раниот живот имаат недостаток на самодоверба. Имаат висок степен на кооперативност, дипломатичност и тактичност.

4

Овие луѓе се хиперсензитивни и премногу емотивни. Претерано реагираат на малите проблеми. Претпочитаат да бидат сами. Имаат сомнеж, недостаток на самодоверба и верба во другите. Имаат висок степен на кооперативност, дипломатичност и тактичност.

 

Бројот 3

Бројот 3 се поврзува со меморија, интелектуален капацитет и способноста да се размислува јасно и логично. Исто така се поврзува и со креативноста на личноста. 

Број на 3-ки

Значење

1

Овие луѓе се промислени, креативни и имаат одлична меморија. Треба да продолжат да учат цел живот. Во основа имаат среќа и се оптимисти.

2

Овие луѓе имаат добра имагинација, доста се креативни, но малку ексцентрични. Исто така имаат способност да ги спроведуваат намерите на дело. Може да станат писатели.

3

Овие луѓе имаат одлични ментални способности и богата имагинација. Имаат потешкотии да се поврзат со другите бидејќи се обземени со своите мисли и живеат во својот свет од соништата. Имаат екстремна креативност.

4

Овие луѓе имаат преголема имагинација, премногу се креативни и како резултат на тоа премногу непрактични.

 
Бројот 4

Ова е број на практичноста и на трудољубивоста. Луѓето со овој број се обично педантни, вредни и добри со детали. Исто така уживаат да работат со рацете. Овој број се смета за малку несреќен.

Број на 4-ки

Значење

1

Луѓето со една 4 во нивниот квадрат обично се практични, работливи, и активни. Ги преферираат фактите пред имагинативните идеи и недокажаните теории. Можат да  ги организираат другите и да спроведуваат планови. Сакаат музика и рачни изработки.

2

Овие луѓе се доста организирани и сакаат да го завршат она што го почнале. Тие се совесни, прецизни и педантни. Обожаваат рачни изработки.

3

Овие луѓе се водени од физичките активности. Работливи се и лесно можат да станат зависни од работата. Од некоја причина работат во погрешна област.

4

Овие луѓе се потполно внесени во физичката активност и тешко воспоставуваат врски со луѓето што се на повисоко интелектуално, емотивно и духовно ниво.

 
Бројот 5

Бројот 5  се поврзува со емотивниот баланс и стабилност. Исто се поврзува и со љубовта за слобода и разноликост.

Број на 5-ки

Значење

1

Овие луѓе се добро емотивно балансирани, милосрдни, полни со разбирање и грижливи. Можат да ги мотивираат и инспирираат другите.

2

Овие луѓе се доста страсни, мотивирани и одлучни. Ентузијасти и неуморни. Ја сакаат слободата и ако се почувствуваат премногу ограничени, бегаат. Тешко ги контролираат емоциите и често имаат емотивни испади. Ова создава проблеми во домот.

3

Овие луѓе се склони да зборуваат без да размислат и несакајќи можат да ги навредат луѓето. Имаат голем поттик и енергија. Уживаат во слобода и авантури. Преземаат ризици.

4

Овие луѓе треба да запрат и да размислат пред да кажат или направат нешто.

 
Бројот 6

Овој број е поврзан со домот, семејството и одговорноста. 

Број на 6-ки

Значење

1

Оние со една 6-ка во нивната карта имаат голема љубов за својот дом и семејство. Уживаат во домашните обврски. Како партнери се одлични. Имаат креативен потенцијал.

2

Овие луѓе непотребно се грижат за својот дом и семејство. Како резултат на ова потребен им е повеќе одмор. Како родители имаат склоност да се однесуваат премногу заштитнички. Многу се креативни.

3

Овие луѓе се премногу заштитнички настроени и се посесивни со своите деца и блиски. Имаат доста креативен потенцијал. Имаат склоност да ја гледаат негативната страна на животот. Се нервираат за мали нешта.

4

Многу креативни луѓе. Сè им влијае емотивно, поради што потешко се вклопуваат во секојдневниот живот.

 
Бројот 7

Бројот 7 ги претставува животните лекциите што ги учиме преку разочарување или загуба.

Број на 7-ки

Значење

1

Луѓето со една 7-ка во нивниот квадрат веројатно животот го учат преку загуба на љубовта, сопственоста или здравјето. Поради овие причини стануваат сè повеќе заинтересирани за духовните работи.

2

Преку загубата на љубовта, парите или здравјето стекнуваат поголема мудрост. Се интересираат за психичкиот и окултниот свет. Имаат аналитичко расудување.

3

Овие луѓе често имаат тажен живот како резултат на големи разочарувања на поле на љубовта, здравјето и парите. Развиваат големи резерви на внатрешно здравје.

4

Овие луѓе имаат големи загуби на полето на љубовта, здравјето и парите, а некогаш и на сите три полиња. За среќа оваа комбинација се појавува само 3 дена на секои 100 години.

Бројот 8

Бројот 8 е поврзан со вниманието на детали и немирниот дух.

Број на 8-ки

Значење

1

Овие луѓе се методични и добри со детали. Сепак, тешко им е да го завршат она што го почнале. Имаат активен и немирен ум и постојана потреба од интелектуални предизвици. Имаат добри способности за решавање проблеми.

2

Овие луѓе се доста перцептивни и совесни. Имаат непроменлив светопоглед и ако еднаш донесат одлука, тешко ја менуваат.

3

Овие луѓе се со немирен дух. Потребна им е поголема промена и разноликост во нивниот живот. Имаат среќа во бизнисот и финансиите. Може да бидат екстремни материјалисти.

4

Со немирен дух, имаат силна потреба за промена и разноликост. Откако ќе откријат што е она што сакаат да го прават, нивниот живот се подобрува. Дотогаш, водат бесцелен живот.

 
Бројот 9

Ова е број на хуманизмот, го претставува начинот на како некој се грижи за доброто на другите. Исто така е симбол на идеализмот и доблеста. И конечно, укажува како го завршуваме она што сме го почнале. 

Број  на 9-ки

Значење

1

Овие луѓе имаат силна желба да се подобрат себеси и светот. Ова го објаснува големиот технолошки и социјален развој во 20-от век.

2

Овие луѓе се идеалисти. Доста се интелигентни, но имаат склоност да гледаат од високо на оние што се на пониско ментално ниво.

3

Овие луѓе се идеалисти, грижливи, среќни и позитивни.

4

Овие луѓе се многу интелигентни, но живеат со главата во облаци. Ова е тенката линија помеѓу генијалност и лудост. Имаат голема ментална моќ, и доколку ја употребат можат да го променат светот.

 

 


автор: Obednikovska Mirjana

Оваа вест е прочитана 4414 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

4 Октомври

4 Октомври

Во 1883 - та година возот Ориент Експрес го започна своето прво патување.

© 2022 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус