Здравје, Природни лекови

Збогатете го јадењето со лековити зачини

27 септември, 06:23

Храната која е подготвена со многу внимание и љубов е највкусната храна на светот.

Замислете што ќе се случи ако кон таа неверојатно вкусна храна додадете и зачини кои го подобруваат здравјето?

Чувството додека се консумира нешто кое покрај што е вкусно истовремено е и здраво, предизвикува врвно задоволство.

Еден таков зачин кој не само што го подобрува вкусот на храната, туку истовремено го подобрува и здравјето, е зачинот кари.

Овој зачин за кој се мисли дека потекнува од Индија всушност потекло води од Британија и во својот состав содржи од 5 до 30 различни видови на зачини.

Оригинално карито се подготвува од коријандер, куркума, ким и пискавец. Но обидот за задоволување на различните вкусови на луѓето придонесол во овој зачин да се додаваат и лук, ѓумбир, чили, мускатно оревче, цимет, црвена пипер и  црн бибер.

Од сите состојки од кои се прави карито, најделотворни и најлековити се куркумата која влијае како антиоксиданс, кимот кој го подобрува варењето  и ги намалува грчевите во телото и ѓумбирот кој помага во закрепнувањето при хируршки зафати.

 

Карито покрај како зачин во традиционалната индиска медицина се користи и како лек кој го подобрува процесот на варење на храната кај оние лица кои имаат проблем, ја нормализира работата на цревата и го подобрува здравјето на џигерот.


Дозволете му на здравјето преку исхраната да биде присутно во вашиот живот. Гответе храна во која ќе додавате природни зачини и тревки и грижете се за вашето здравје, бидејќи здравјето е од непроценлива вредност за сите нас.


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 3054 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус