Позитива, Поучни приказни

Зборовите се како пердуви на ветар

03 август, 00:30

Еден човек лекомислено раскажувал приказни за други луѓе, кои им нанесувале срам. 
Градскиот рабин еднаш се сретнал со него и го соочил со неговите зборови. Човекот се стаписал. Воопшто не насетувал дека неговите зборови предизвикуваат толку болка. Се расплакал и почнал да го моли рабинот за помош.

„Сигурно постои нешто што можам да сторам за да ги искушам гревовите што ги направив”.

 

Рабинот го поучил да земе четири перници и да оди на некоја полјана. Штом ќе стигне, со нож да ги расече перниците една по една и да ги истресе пердувите на ветрот. 

Човекот му се заблагодарил и побрзал да го направи тоа што му било кажано. Купил четири убави перници со пердуви, отишол на една полјана, ги расекол и гледал како пердувите се разлетале во сите правци.
Потоа се вратил кај рабинот за да му каже дека го извршил покајанието. 

„Не сосема” - одговорил рабинот. „Сега врати се на полјаната и собери ги пердувите”.

 „Но тоа е невозможно” - рекол човекот. „Ветрот ги разнесе насекаде”.

 „Истото се случило и со твоите зборови” - строго рекол рабинот. „Исто како што не можеш да ги собереш еднаш растурените пердуви, така не можеш да ги повлечеш и еднаш изговорените зборови. Без оглед на тоа колку искрено сакаш да го отповикаш она што си го направил, штетата предизвикана од непромислени зборови не може да се поправи”.

Внимавајте вашите зборови да не ги повредуваат другите. А кога ќе се случи тоа, барајте прошка.​


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 4088 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НАЈПОПУЛАРНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

© 2018 MOJ PORTAL  All Rights Reserved.   изработено од Асидус