Животен стил, Кујна, Рецепти

Здрава храна – Палента со зеленчук

17 јануари, 12:10

Во соодветен сад ставете ја водата да зоврие, додадете ја палентата и лукот и оставете да се вари на умерена температура, со повремено мешање, додека да испари течноста, а палентата да добие кремаста структура.

Во меѓувреме, во тава со малку масло ставете го кромидот и печурките и пржете ги додека кромидот малку омекне.

По желба додадете и пиперка или морков.

Брокулата и тиквичката ставете ги да омекнат на пареа, околу 5 минути.

Ставете го зеленчукот врз палентата, додадете сол, оригано, црн бибер или други зачини по вкус, а најгоре ставете малку рендан кашкавал.

Палентата со зеленчук е здрава и ниско калорична храна која речиси и не содржи масти.

Хранете се вкусно, хранете се здраво!

 


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 8227 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

16 април

16 април

Во 1889 година е роден Чарли Чаплин, јунакот на немите филмови, режисер, комичар и композитор.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус