Животен стил, Кујна, Моите рецепти - Здравје на мени

Здрави и вкусни рецепти со шитаке печурки

16 февруари, 00:03

Печурките од дамнина биле едни од најздравите намирници. Старите народи, особено Азиските, знаеле за нивните бесценети вредности. Ги употребувале во секојдневната исхрана како добар извор на белковини, железо, антиоксиданси и уште многу нешта. Како лек, со нив лекувале од обични главоболки и настинки до пореметувања во дигестивниот систем, а секако биле дел и во правењето на разни кремови за нега и убавина. Тука низ годините и вековите предничела шитаке печурката. Па кога тие стари народи, во тие дамнешни времиња ја знаеле и цврсто верувале во нејзината вредност, зошто и ние не би ѝ верувале, особено што сега е достапна и кај нас. Затоа ви предлагам лесни рецепти и за оние кои што веќе ја употребуваат се надевам ќе ги израдувам, а за оние што прв пат ќе ја направат, се надевам ќе ги потврдат овие мои зборови.

РЕЦЕПТ: РИЖОТО СО ШИТАКЕ ПЕЧУРКИ

Потребени намирници:
200 гр. шитаке печурки
1главичка кромид
1финџал интегрален ориз
1финџал грашок
2филџани вода
3 супени лажици маслиново масло
сол, црн бибер по желба
½ кафена лажичка кари или куркума
соја сос по желба

Приготвување:
Во керамичка тава се загрева маслото и се пропржува сечканиот кромид. Кога кромидот ќе добие стаклеста жолта боја се ставаат сечканите печурки, претходно полу сварениот ориз и грашокот. Сè се продинстува 1 - 2 мин. потоа се ставаат зачините освен соја сосот и се тура вода. Се остава да се вари сè додека не се впие водата, но не повеќе од 20 мин. Потоа се сервира и се става соја сос по желба.


САЛАТА ОД ШИТАКЕ ПЕЧУРКИ                                                                                                                                     zdravi i vkusni recepti so sitake pecurki, pecurki, sitake pecurki, recepti, здрави и вкусни рецепти со шитаке печурки, оечурки, шитаке печурки, рецепти
Потребни намирници:
свежи шитаке печурки
сок од лимон
маслиново масло
соја сос
прстофат сол
зелена салата
цвекло
морков
целер
домат
Намирниците се земаат количински онолку колку се сака чинии да се направат.

Подготвување:
Свежите печурки се сечкаат, се полеваат со маслото и сокот од лимон и се оставаат на страна.
Во друг сад се сечкаат сите други состојки, се промешуваат и им се додаваат маринираните печурки.


автор: Petrovska Vesna

Оваа вест е прочитана 9808 пати.

Коментари [3]

Елена

Прв пат слушам за шитаке печурки. Каде може да се најдат?

Весна Пирузева Петровска

Добро прашање и токму затоа го предложив овој рецепт зошто шитаке печурката сега може да се најде и кај нас во маркетите,а сушените и во некои аптеки или на рафтовите за здрава храна.Цените се многу достапн.Но нели здравјето нема цена?

jagotka

Ги видов коментарите за сувите шитаке па гледам лугето прашуваат каде да ги најдат може да ме исконктактирате

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

28 Март

28 Март

Во 1986 година во Њујорк е родена Стефани Џоан Ангелина или позната за светската јавност како Лејди Гага. 

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус