Здрави навики

4 грешки кои му штетат на здравјето (а упорно ги правиме)

25 јуни, 08:15

Кога здравјето е во прашање, сите ние повеќе или помалку внимаваме и се обидуваме да се заштитиме и да останеме здрави. 

Сепак, некои наши постапки штетно влијаат врз здравјето и со право може да ги наречеме грешки кои ни штетат. Иако се свесни за негативните последици, голем дел од луѓето упорно ги игнорираат штетните навики.

Време е да се потсетиме на дел од грешките кои му штетат на нашето здравје, но и да се потрудиме да ги сведеме на минимум и да направиме нешто добро за себе. 

1.Доручек 

Иако е најважниот оброк, многумина го прескокнуваат доручекот со што му прават огромна штета на организмот. 
Додека спиеме, нашиот метаболизам забавува, па наутро на организмот му е потребна храна за метаболизмот нормално да работи. Прескокнувањето на доручекот го забавува метаболизмот и ја намалува енергијата која му е потребна на организмот. 
Оние кои го прескокнуваат доручекот за да слабеат, не добиваат ништо бидејќи сите калории кои би ги внесле со доручекот, подоцна ги внесуваат со другите оброци, а изгладнетиот организам нема доволно време за да ја преработи храната. 

2.Недоволно спиење 

На нашиот организам му се потребни 8 часа сон за нормално да функционира. Нередовното и недоволно спиење влијае на зголемување на телесната тежина, предизвикува депресија, анксиозност и болести на срцето. 
Одложете ги сите помалку важни обврски и најдете време за спиење. Сонот значи здравје, а кога здравјето е во прашање, ништо не треба да биде поважно од него. 

3.Преку пијалоци до вишок килограми  

Кафето и останатите пијалоци со кофеин, газираните пијалоци, соковите и алкохолот се вистински извор на калории. Секојдневното конзумирање  на овие пијалоци значи околу 1000 калории дневно кои ги додаваме на калориите кои ги внесуваме со храната. 

Не мора потполно да се откажете од овие пијалоци, но внимавајте на количината која ја внесувате во организмот и не заборавајте да пиете доволно количество вода. 

4. Пушење 

За штетноста од пушењето не мора многу да се зборува. Сите знаеме колку е штетно, па можеби е време да се размисли за откажување. Побарајте поддршка од најблиските, разбудете ја и зацврстете ја вашата волја и бидете решителни. 

Ништо не е посилно од човековата волја и ништо не е невозможно ако навистина се сака. А за здравје вреди да се направи сè. 

 


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 1923 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НАЈПОПУЛАРНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

© 2018 MOJ PORTAL  All Rights Reserved.   изработено од Асидус