Здрави навики

5 причини зошто треба почесто да се бакнувате

09 мај, 00:09

Бакнувањето е најнормалната работа на светот. Се бакнуваме кога сакаме да ги изразиме чувствата кон саканата личност, кога сакаме да сме поблиски и поинтимни. 
Но покрај изразувањето на чувствата, бакнежите се многу корисни за нашето здравје. 

Експертите препорачуваат колку што е можно повеќе да се бакнувате доколку сакате да бидете здрави. 

 

Овие се дел од причините поради кои треба да се бакнувате секојдневно и тоа по неколку пати во текот на денот. 

  • со бакнувањето за зацврстуваат мускулите на лицето бидејќи додека се бакнувате во функција се ставаат околу 30 мускули, на тој начин се затегнува кожата на лицето и се добива младешки изглед;
  • бакнувањето релаксира, бидејќи кога се бакнувате во телото се ослободуваат два хормони, ендрофин – хормонот на поврзаност и окситоцин – хормон кој предизвикува задоволство, нежност и поврзаност. Овие два хормони релаксираат и опуштаат, па ако сакате да бидете релаксирани и опиени од љубов, едноставно бакнувајте се;
  • бакнежот согорува калории, затоа колку почесто се бакнувате, толку тоа е подобро за вашата линија. При внесувањето на покалорична храна, за да се елиминираат калориите, ќе треба многу повеќе време да се бакнувате;
  • со почести бакнежи се подобрува имунитетот. Докажано е дека со почести бакнежи се зголемува отпорноста на жените кон вируси кои можат да доведат до слепило или други дефекти кои можат да се пренесат на плодот во текот на бременоста;
  • страствените бакнежи помагаат устата и забите да бидат здрави, преку плунката која во оваа ситуација се лачи во поголема мера.

Сега откако дознавте кои сé придобивки се добиваат од бакнувањето, бакнувајте ја вашата сакана личност колку што можете повеќе. Не само што ќе се почувствувате задоволни, среќни, интимни и посакувани, ќе бидете и здрави. 

 


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 2202 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

24 април

24 април

Во 1942 година е родена Барбара Стрејсенд, една од најголемите музички ѕвезди, пејачка, текстописец, актерка, писателка, филмски продуцент и режисер.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус