Здрави навики

Ајурведа: Како до убава и мазна кожа

28 мај, 00:08

Ајурведа е најстариот систем на традиционална медицина кој потекнува од Индија. Овој древен систем му помага на телото да биде здраво, а го развива и потенцијалот на личноста.

Кога станува збор за здравата и убава кожа, ајурведата укажува на неколку здрави навики кои ако редовно се практикуваат, ќе ја задржат еластичноста, свежината и сјајот на кожата, правејќи ја чиста и здрава.

 

Што советува ајурведата?

Јадете јаткасто овошје и семиња
Овој вид храна е богата со омега 3 масни киселини, здрави масти и влакна, неопходни за добро здравје, но и за убава кожа. Бадеми, лешници, ореви, семки од сончоглед, ленено семе... Додадете било што во оброк од овесни снегулки. Ваквиот начин на исхрана значително го подобрува изгледот на кожата.

Задолжително чај во текот на денот
Водата е многу важна за организмот, но за убава и здрава кожа важни се и топлите пијалаци. Одличен избор е шолја чај со малку лимон и ѓумбир. Овој пијалак се препорачува попладне бидејќи ќе ве освежи и ќе ви ја обнови енергијата, а воедно ќе помогне вашата кожа да има убав и здрав сјај.

Не прескокнувајте го зеленчукот
Ајурведата советува да конзумирате зеленчук кој е богат со вода, бидејќи овој вид зеленчук организмот побрзо го вари. Краставица, дајкон, морков, салатка – направете своја комбинација и зачинете со малку лимонов сок. Организмот и кожата ќе ви бидат благодарни.

Дишењето и физичката активност
Изберете било каква физичка активност, за што и да се одлучите ќе ви биде од корист. Кога станува збор за дишењето, ајурведата го препорачува комплетното јога дишење, но за оние кои не практикувале јога, малку е потешко да се објасни. Ако не сте запознаени со комплетното јога дишење, потрудете се секојдневно да имате некаква физичка активност.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 2921 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

16 април

16 април

Во 1889 година е роден Чарли Чаплин, јунакот на немите филмови, режисер, комичар и композитор.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус