Здрави навики

Ладниот туш – решение за многу здравствени проблеми

14 август, 13:34

Предностите на туширањето со ладна вода се огромни кога станува збор за здравјето.

Иако во минатото оваа постапка се користела и била признаена како медицински третман, денес употребата на лекови и достапноста до топла вода сосема ја има исфрлено од употреба.

Туширањето со ладна вода или познато уште и како хидротерапија помага во успешно лечење на многу здравствени проблеми.

Дел од нив се спомнати тука, па затоа прочитајте ги и запознајте се со нив. 

 

  • ладната вода ја стимулира така наречената „плава точка” во мозокот со што се поттикнува произведувањето на норадреналин, хормон кој ја намалува депресијата;
  • капењето со ладна вода е поврзано со јакнење на имунитетот. Имено, ладната вода го зголемува бројот на бели крвни зрнца во крвта, кои пак се директни заштитници на имунитетот и кои не дозволуваат организмот да настини и да заболи од грип;
  • туширањето со ладна вода го зголемува бројот на хормони кои се од голема корист при обид за забременување, што значи ладната вода е директно поврзана и со зголемувањето на плодноста;
  • ладната вода влијае и врз слабеењето така што го забрзува метаболизмот, а со тоа самите масни ќелии почнуваат да согоруваат, со што сѐ повеќе и повеќе станува видливо дека се намалуваат масните наслаги на телото;
  • утринското туширање со ладна вода ја зголемува енергијата која е потребна за извршување на секојдневните обврски во текот на денот, го разбиструва умот и телото станува поцврсто и позатегнато;
  • наизменичното туширање со топла и ладна вода е одлична кардио вежба, која во ист момент ги проширува и стеснува крвните садови, кои пак ѝ дозволуваат на крвта подобро и побрзо да циркулира низ организмот. Со добра циркулација се намалуваат шансите за заболување од хипертензија, појава на проширени вени и стврднување на артериите;
  • за време на туширањето со ладна вода дишењето станува подлабоко и почесто. Ваквото длабоко дишење е одлично во борбата против стрес коj би бил доживеан во текот на денот;
  • ладниот туш помага за затоплување на ладни нозе или раце кај лицата кои имаат недостаток на топлина и воспоставува пријатна и нормална температура кај оние кои премногу се потат;  
  • со туширање со ладна вода се подобрува работата на целото тело, за да може лимфата која e задолжена за исфрлање на отпадните материи од телото добро да функционира, потребно е мускулите да се контрахираат, а ладната вода го постигнува токму тоа, т.е. капењето со ладна вода предизвикува контракции на целото тело.

 


Сепак, наглите промени не се добри за телото.
Доколку до сега сте се туширале со многу топла вода, потребно е полека да ја намалувате температурата на водата за вашето тело да не доживува шокови со секое капење.
Почнете со жешка вода и постепено намалувајте ја температурата, така што на крајот на секое наредно капење гледајте да завршувате со ладна вода, нормално доколку сакате да го зачувате вашето здравје. 

Ништо не е тешко да се направи кога се има волја и кога се сака.
Спречете ги здравствени проблеми кои би се појавиле подоцна во животот со превенција и негување на здравјето сега, во овој миг, за да не биде доцна. 


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 2750 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 Март

29 Март
Во 1943 година е роден познатиот грчки композитор на електронска музика Евангелис Одисеас Папатанасиу или за јавноста познат под уметничкото име Вангелис.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус