Здрави навики

Освежете се со лубеница!

06 август, 00:03

Лубеницата е едно од најпродаваните овошја во текот на летото, бидејќи претставува идеално освежување за летните топли денови.

На пазарите веќе можат да се најдат лубеници со различни големини. Иако сè уште не се потполно узреани, луѓето ги купуваат и со сласт ги консумираат во жешките топли квечерини.

Но дали знаете што точно содржи лубеницата во својот состав и зошто е препорачливо повеќе да се консумира?

Ова овошје со црвена боја изобилува со ликопен - моќен антиоксиданс, благодарение на кој ја добива и бојата и кој го намалува ризикот од добивање на рак на простатата кај мажите.
Ликопенот се смета дека помага во подобрување на плодноста кај жените, ги штити матката и јајниците и го штити срцето од разни заболувања.

За да се зачува овој антиоксиданс во голема мера во лубеницата, најдобро е да се чува на собна температура, бидејќи ако се стави во фрижидер, за цели 40% се губи ликопенот од нејзиниот состав.

Сите сакаме да се освежиме со ладна лубеница, но имајте го овој податок во предвид и одлучете на што ќе посветите повеќе внимание, на вкусот на лубеницата, или на хранливите состојки кои таа ги има и кои треба правилно да се искористат.

Доколку се пресече лубеницата тогаш задолжително треба да се стави во фрижидер, бидејќи во таква состојба во неа многу брзо можат да се развијат бактерии, кои  му нанесуваат штета на организмот.

Покрај овој моќен антиоксиданс, лубеницата содржи и голема количина на витамини А, Б и Ц и вода околу 92%, која успешно помага во борбата со непосакуваните килограми.

Овој податок имајте го како информација кога нареден пат ќе јадете лубеница. 
100 грама лубеница содржи: 10% природен шеќер, 90% вода, 20 мг. бета каротин, 0,5 мг. железо, 7 мг. калциум, 10 мг. фосфор и околу 20 калории. 

Консумирајте го ова слатко овошје во текот на летото и грижете се за вашето здравје!


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 3832 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

18 април

18 април

Денес се навршуваат 59 години од смртта на Алберт Ајнштајн, генијалец со објавени над 300 научни и 150 ненаучни трудови.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус