Здрави навики

Пијте вода со лимон затоа што...

26 мај, 07:00

Водата со лимон е богата со калциум и витамин Ц, кои помагаат за:

 

 

 

 

 

  • Подобрување на работата на имунолошкиот систем: лимонот содржи високо количество на витамин Ц што помага за борба против настинки. Исто така, лимонот содржи калиум кој ги стимулира мозокот и нервните функции и помага за контролирање на крвниот притисок.
  • Ги балансира pH вредностите во организмот: водата со лимон помага за намалување на вкупното количество киселини во телото. Иако лимонот содржи киселина, таа не го зголемува количеството на киселини во организмот.
  • Помага за намалување на килограми: ломонот е богат со пектински влакна кои ја ублажуваат гладта во желудникот. Редовното пиење вода со лимон помага за намалување на килограми.
  • Лимонот е диуретик: му помага на телото полесно да ги отстрани отровите преку зачестено мокрење. Освен тоа помага за одржување на уринарниот тракт здрав. 
  • Ја чисти кожата: витаминот Ц помага за намалување на брчките и флеките на лицето. Чистејќи ја кожата од штетните материи лимонот помага таа да изгледа здраво, сјајно и младо.
  • Ги намалува респираторните проблеми: топлата вода со лимон помага за лечење на инфекции на градите, го спречува кашлањето, а се препорачува и за лица со асма и алергии.

Совети: 

  • Во чаша од 250 милилитри се става 1/8 од лимонот. 
  • Најдобро е да конзумирате топла вода со лимон.

автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 5489 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 Март

29 Март
Во 1943 година е роден познатиот грчки композитор на електронска музика Евангелис Одисеас Папатанасиу или за јавноста познат под уметничкото име Вангелис.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус