Здрави навики

Подгответе го организмот за есента

30 септември, 06:53

Есента е речиси на прагот, се бројат деновите до нејзиното доаѓање, а на нашиот организам му е потребно прилагодување на климатските промени кои доаѓаат.

Овој период од годината (крајот на летото) е вистинско време кога полека треба да го подготвувате организмот за есента, со цел да станете имуни на настинките и вирусите кои напаѓаат во есен.


Најдобриот начин да го прилагодите организмот е да направите промена во начинот на исхрана.
Како што опаѓаат температурите, така на организмот му е потребна потешка храна која дава повеќе енергија.

Овој период од годината храната треба да содржи повеќе јаглени хидрати, протеини и масти, како и витамини Е и Ц. Многу важни се и омега 3 масните киселини. За да ги внесете сите овие неопходни состојки, јадете леб, месо, риба, компир, јајца, млечни производи, грав, грашок, боранија...

Од месото најмногу се препорачува телешкото бидејќи е богато со цинк кој овој период од годината му е навистина потребен на организмот.

Се препорачува и зголемување на количеството на калциум во организмот, и тоа преку смокви, праз, грав, ленено семе.

Тука секако се и плодовите на есента – јаболката и крушите, како и тиквата, драгоцен плод кој има неверојатно лековита моќ.

Што се однесува до зачините, во есен се препорачуваат цимет, ѓумбир, лук, куркума, морско оревче и каранфилче (при првите знаци на настинка или болка во грлото, веднаш земете каранфилче, шмукајте го извесен период, потоа грицкајте го и голтнете го). Покрај тоа што се многу ароматични, овие зачини ослободуваат и топлина во организмот, со што нашето тело полесно се прилагодува на падот на температурата.

Вежбањето, прошетките на чист воздух и внесувањето течности (вода, но и млаки чаеви) се потребни и во овој период од годината.

Облекувањето секако треба да се прилагоди на надворешната температура, но не се препорачува премногу облека во овој преоден, па и во подоцниот есенски период. Ако во есен се облекувате како да е зима, што ќе облечете кога температурата ќе падне под нулата?

Придржувањето до овие здрави навики ќе ви помогне да станете имуни на настинките, да имате доволно енергија и подготвени да го дочекате новото годишно време.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 8550 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 Март

29 Март
Во 1943 година е роден познатиот грчки композитор на електронска музика Евангелис Одисеас Папатанасиу или за јавноста познат под уметничкото име Вангелис.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус