Здрави навики

Природна детоксикација

26 март, 12:46

 

 

 

 

 

 

Одредени видови храна во голема мера го прочистуваат нашиот организам. Без посебни диети, брзо, лесно и пред сѐ вкусно, конзумирањето на некои продукти ќе направи баланс во нашиот организам и ќе го исчисти од отровните материи. Набавете си ги овие природни прочистувачи и уживајте во нивниот вкус!

  • Јаткасто овошје и семиња

Оревите, бадемите , семките од тиква, сончоглед, сусам се неверојатни природни прочистувачи на организмот.

  • Зелени растенија

Спанаќот, блитвата, кељот,  зелениот чај и останатите растенија со зелена боја се одлични антиоксиданси благодарение на хлорофилот кој го содржат во себе.

  • Лук

Еден од најдобрите природни прочистувачи е лукот, вистински пријател на организмот. Користете го колку што можете почесто и потрудете се да ви биде додаток на што повеќе оброци.

  • Свеж зеленчук

Она што на сите добро ви е познато – свежиот, сиров зеленчук (моркови, пиперки, брокула, цвекло, кромид...) мора да биде постојан дел од вашата исхрана. Неговото дејство како чистач на организмот е најголемо кога се користи сиров, па стекнете навика да изрендате моркови, додадете брокула, карфиол, малку маслиново масло и еве ви вистинска витаминска бомба!

Направете комбинација по ваш вкус и ослободете се од штетните материи. Едноставно е, нели?


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 1694 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


ПОПУЛАРНО

НА ДЕНЕШЕН ДЕН

28 Мај

28 Мај
Во 1968 година во Мелбурн, Австралија, е родена мега популарната пејачка Кајли Миног, која пред да почне да се занимава со музика беше омилена ТВ актерка која се појавуваше во разни серии и филмови.
© 2020 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус