Здрави навики

Шетајте за да бидете здрави

04 јануари, 12:09

Секојдневните обврски не ни дозволуваат да посветиме доволно внимание за негување на нашето здравје. Само кога ќе почувствуваме дека нешто се случува со нашиот организам, тогаш посегнуваме по лекови и само тогаш размислуваме што сме правеле погрешно, или кои наши неправилни постапки довеле до одредена здравствена ситуација.

Ваквиот начин на живот секако дека е погрешен.

 

Треба превентивно да делуваме за да не настанат никакви здравствени проблеми, а доколку настанат, подобро е да ги спречиме, отколку да ги лечиме.

Со примената и практикувањето на неколкуте совети кои следуваат, нема да имате простор да размислувате за болести, вие само ќе му помогнете на организмот да биде во ред, правилно да функционира и да го добие тоа што му е потребно.  

Шетањето е пријатно за работата на срцето

Зимата и ладното време не треба да бидат изговор дека не можете да се шетате.
Напротив, потребни се секојдневни прошетки. Со шетањето се подобрува циркулацијата на крвта во телото, а со тоа се подобрува и имунитетот, стануваме отпорни на настинки, грипови и болести. 
Сето ова многу поволно влијае на крвните садови и на срцето, со што се подобрува неговата работа. Најдобро е да шетате кога температурите не се под нулата.

Сувиот воздух не е добар

Секогаш кога ќе можете избегнувајте премногу суви и топли затворени простории. Пробајте наместо да седите дома и да гледате телевизија, да излезете на чист воздух и на прошетка во природа.
Сувиот воздух влијае на респираторниот систем, се воспалуваат устата, носот и грлото, и влијае на кожата, таа станува премногу осетлива.
За да ги избегнете овие несакани појави, редовно проветрувајте ги затворените и топли простории и ставајте садови со вода на радијаторите и на печките, со што ќе го навлажните сувиот воздух.

Опасно е дружењето со премногу луѓе во иста просторија

Во зима повеќето луѓе се дружат во домашен амбиент избегнувајќи го ладното време. Одењето по гости и слави кои ги има многу во зимскиот период, е извор на многубројни зарази и вируси. 
Колку што можете, во овој период од годината, кога владеат вирусите и настинките, избегнувајте дружби со поголем број на луѓе во затворени простории, бидејќи тоa е најлесниот начин да се пренесе вирус преку кашлање, кивање, бакнување и користење на исти предмети.

Сончевата светлина ја истерува депресијата

Во зима деновите се пократки, ладно е, па сe повеќе сме склони кон депресија. Недостигот на сончевата светлина на која сме навикнати, како и намалената физичка активност, се уште две причини кои допринесуваат да бидеме повеќе депресивни. Светлината директно влијае на одредени биохемиски процеси во мозокот кои произведуваат серотин, кој пак е главен хормон кој нe прави спокојни и будни. Колку повеќе сме изложени на дневна сончева светлина, толку повеќе ќе бидеме расположени, насмеани и полни со живот.


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 2515 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

24 април

24 април

Во 1942 година е родена Барбара Стрејсенд, една од најголемите музички ѕвезди, пејачка, текстописец, актерка, писателка, филмски продуцент и режисер.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус