Здрави навики

Вкусна храна за подолг живот

02 јуни, 07:37

Кој не би сакал да го забави процесот на стареење, да се чувствува но и да изгледа свежо и убаво?

Некои видови храна и пајалоци навистина можат да го подмладат организмот, збогатувајќи го со витамини, антиоксиданси и други состојки кои го забавуваат процесот на стареење.

Доволно е само да ги ставите на вашето секојдневно мени и веднаш добивате вкусна храна за подолг живот.

Не двоумете се, уште денес почнете да јадете и пиете:

Ореви
Содржат голема количина омега 3 масни киселини, го зајакнуваат и подмладуваат организмот.

Бобинки
Капини, малини, боровинки, дренки... Ги има многу, вкусни се, содржат антиоксиданси со чија помош телото се бори против сите недостатоци кои ги предизвикува стареењето и што е најдобро од сè, можете сами да ги берете и да уживате на свеж воздух.

Диња
Иако можеби не ви омилено овошје, дињата е неверојатно хранлива и здрава, па добро е да ја има почесто на вашето мени.

Грав
Комбинацијата на протеини и антиоксиданси навистина го прават гравот чудесна храна.

Зелен чај
Овој чудесен напиток има толку многу благопријатни дејства врз организмот, па едноставно мора да испиете шолја зелен чај.

Темно чоколадо
Темното чоколадо навистина е потребно и корисно, но чоколадото содржи доста калории, па не претерувајте и јадете умерено. Неколку коцки на ден е и повеќе од доволно.

Уживајте во вкусот на храната која живот значи!

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 3679 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

28 Март

28 Март

Во 1986 година во Њујорк е родена Стефани Џоан Ангелина или позната за светската јавност како Лејди Гага. 

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус