Здрави навики

Внимавајте каков крем за сончање користите на плажа!!!

21 јули, 14:28

Изминатите неколку години беа спроведени повеќе истражувања поврзани со кремите за сончање и сите тие дојдоа до исти резултати: кремите за сончање се повеќе штетни отколку корисни!

Речиси сите креми содржат штетни состојки од кои дел влегуваат во крвта, предизвикуваат хормонални нарушувања, алергии, надразнување на кожата, а научниците одат дотаму што сметаат дека кремите за сончање предизвикуваат дури и рак на кожата.


Иако ова последното не е докажано, не смее да се занемари фактот дека најголем дел од кремите за сончање содржат штетни хемикалии.

За жал, хемикалиите и отровите се наше секојдневие, ги има и во храната, и не можеме целосно да се заштитиме.
Она што можеме е да внимаваме на составот на производите кои ги користиме.

Доколку купувате крем за сончање, проверете дали содржи некоја или повеќе од следните штетни состојки:

  • оксибензен
  • диоксибензен
  • пара амино бензоичка киселина
  • метоксицинамат
  • октокрилен
  • хомосалат
  • октил салициклат
  • ментил антранилат
  • пенилбензимидазол
  • циноксат
  • било каква состојка означена со нано (nano – честички на металните оксиди, најштетна состојка која може да ја содржи кремот или лосионот за сончање)

Иако кремите за сончање ги користиме само десетина дена во годината, добро е да се знае колку се штетни и што всушност нанесуваме на телото.
Не постои 100 % сигурна и здрава заштита од сонцето, но можеме барем да одбереме крем кој содржи најмалку штетни состојки.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 2294 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

28 Март

28 Март

Во 1986 година во Њујорк е родена Стефани Џоан Ангелина или позната за светската јавност како Лејди Гага. 

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус