Здрави навики

Вратете го организмот во нормала по празниците

09 јануари, 00:03

Празничното расположение нè опушта и релаксира и сите си дозволуваме да уживаме во вкусот на храната, па и безгрижно да каснеме некое залаче плус. А што по празниците? Како да ја вратиме рамнотежата на организмот и да се ослободиме од чувството на прејаденост и тежина во стомакот?

Вистинските гурмани може слободно да продолжат да уживаат во храната бидејќи не се потребни посебни диети за да се чувствувате убаво. Доволно е да ги следите овие неколку  едноставни совети и може слободно да јадете, а притоа организмот да се врати во рамнотежа.  

Зелен чај

Зелениот чај има многу благодети и е познат по лековитите својства. Пиењето зелен чај за време на оброците или по јадење му помага на организмот полесно да се ослободи од вишокот маснотии и да го регулира нивото на холестерол.

Јогурт

Јогуртот ќе ви помогне да го забрзате метаболизмот и да се ослободите од чувството на подуеност. Една шолја јогурт половина час по оброкот е вистинско решение за да не чувствувате тежина од оброците.

Прошетки на чист воздух

Не заборавајте да излезете од дома и малку да пешачите. Доволно е да поминете дваесетина минути на чист воздух, а пешачењето ќе го забрза метаболизмот и циркулацијата, со што веднаш ќе се чувствувате подобро и ќе бидете полни со енергија.

Доколку се одлучите да ги следите нашите совети и да уживате во храната, имајте предвид дека сепак не треба да претерувате, особено ако одредена храна ви предизвикува проблеми. Секој организам различно реагира на премногу храна, затоа дозволете си да пробате сè, но бидете умерени и не се прејадувајте. Во храната треба да се ужива, но понекогаш и да се престане со јадење токму кога е најслатко.


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 1950 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 Март

29 Март
Во 1943 година е роден познатиот грчки композитор на електронска музика Евангелис Одисеас Папатанасиу или за јавноста познат под уметничкото име Вангелис.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус