Здрави навики
Задолжителни здрави навики за добар имунитет
Да се биде здрав и да се има јак и здрав имунитет во текот на годината е многу важно, а посебно во есенскиот, зимскиот и рано пролетниот период.
Сите настинки, грипови, болки во грлото, како и кашлањето, можат многу успешно да се намалат и спречат со правилен избор и користење на додатоци во исхраната, лековити тревки и соодветна исхрана.
Преодот од топло кон ладно време е најповолен за настинки и токму во овој период треба посебно внимание и грижа да му посветите на организмот. За успешно да се справите со зимските настинки потребно е само да ги следите неколкуте совети:
- спијте и одмарајте онолку колку од вас бара вашиот организам, следете ги сигналите кои тој ви ги праќа и раководете се по нив;
- практикувајте секојдневни, но умерени физички активности, доколку повеќе време од денот поминувате во затворен простор најдобра активност ќе ви биде прошетката на чист и свеж воздух;
- хранете се правилно и умерено, јадете колку што е можно повеќе зеленчук и овошје, намирници кои содржат повеќе растителни влакна во својот состав, како лук, кромид, ориз, мед и јогурт;
- колку што е повеќе можно избегнувајте било какви стресни ситуации, не дозволувајте стресот да стане ваше секојдневие, храбро изборете се со него;
- редовно одржувајте ја вашата лична хигиена, водете многу грижа за вашето тело, вашиот изглед но и за вашата интимна хигиена, правете неопходни лекарски прегледи и водете грижа за вашето здравје;
- одржувајте ја хигиената во вашиот дом и на вашето работно место и проветрувајте ги почесто просториите во кои поминувате голем дел од денот.
Најсигурна заштита за зачувување на здравјето во текот на овие вирусни зимски денови секако е избегнувањето на било каков контакт со настинати или вирусно болни личности. Доколку веќе сте биле во контакт со некои од нив, најдобро е веднаш да ги измиете вашите раце и тоа да го правите повеќе пати во текот на денот.
Бидејќи здравјето за сите нас е најважно, треба повеќе да го негуваме и да му посветиме повеќе време.
Додади коментар