Здрави навики

Здрави навики

20 април, 02:14

Многу често во нашата незапирлива трка со времето забораваме на основните навики кои треба да ги имаме, за да живееме здрав и квалитетен живот.
Не е доволно само да се информираме за тоа како да го подобриме здравјето. Потребно е што повеќе внимение да посветиме на стекнување и подобрување на добрите, основни навики, кои, ако редовно се практикуваат, можат во голема мера да го подобрат нашето здравје.

 

1. Сон - доволни се од 6 до 8 часа квалитетен сон за нормално функционирање на нашето тело. Квалитетниот сон на нашиот организам ќе му овозможи потполна физичка и психичка стабилност. Преку целиот ден, во извршувањето на нашите секојдневни обврски ќе се чувствуваме свежи и одморени доколку внимаваме колку време посветуваме на сонот.

2. Вода - најважниот елемент во нашата исхрана. Со внесувањето доволни количини на вода, нашиот организам се прочистува од штетните материи, а водата помага и за нормален и правилен метаболизам. Доволно е да се внесува 1,5 до 2 литри вода во текот на денот.

3. Физичка активност - главна причина за забавување на стареењето и одлучувачки фактор за задржување и унапредување на здравјето. Со редовна и правилна физичка активност се намалува ризикот од најразлични видови на болести и се води поздрав и поквалитетен живот.

4. Разновидна храна - при внесувањето на разновидна храна, во нашиот организам се ослободува големо количество на енергија. Од видот на храната која се внесува зависи колкава ќе биде таа енергија и дали ќе биде доволна за извршување на секојдневните активности. Затоа е неопходно да внесуваме што повеќе разновидна храна.


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 2214 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

19 април

19 април

Во 1956 година, славната Грејс Кели се повлекла од актерството и стапила во брак со Принцот Рение од Монако.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус