Здрави навики

Здрави навики во исхраната

30 ноември, 16:34

Правилната исхрана и здравите навики во исхраната многу поволно влијаат на нашиот организам и го спречуваат настанувањето на голем број болести. Неправилната исхрана од друга страна,му штети на метаболизмот и после одредено време настануваат сериозни заболувања, како резултат на нарушениот метаболизам.

Доколку сакаме да имаме долг и здрав живот во секојдневната исхрана треба да се сведат на минимум: маслото, белото брашно, белиот шеќер, солта, адитивите и конзервансите, бидејќи не делуваат поволно на организмот. Наместо нив може да се користат: интегралното брашно, жолтиот шеќер, морската сол и маслиновото масло.

Здрава храна која исто така се препорачува да се внесува во поголеми количини во нашиот организам е: овошјето, зеленчукот, интегралните житарки, природните овошни сокови, природните чаеви, медот, природните зачини...

Умерената и редовна исхрана и правилно подготвената храна на нашиот организам ќе му обезбедат доволно енергија, витамини и минерали за правилно да функционира, а со тоа во голема мерка ќе се спречи настанувањето на болестите и инфекциите. 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 2750 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус