Здравје

Готвење во склад со годишните времиња - ЗИМА

11 јануари, 00:27

Уште од дамнина старите луѓе енергијата во зима ја поврзувале со водата или со енергија која тече. Зошто? Во зима секогаш има околу нас вода, како дожд, снег или мраз. Исто така се сменуваат денови во кои има облаци, снег или магла со денови кои се светли и сончеви. Во текот на овие ладни зимски денови најдобро е да се приготвува топла и јака храна. Ваква храна е потребна зошто во спротивно ако приготвуваме ладна или повеќе сирова храна тогаш многу брзо би ја изгубиле рамнотежата со природата. Во зимскиот период треба да се јади коренестиот зеленчук, оној што расте во земја и закиселениот (ферментираниот) зеленчук, овде најпрво се мисли на киселата зелка. Јадењата треба да се варат во садови со затворен капак, бидејќи на некои им треба подолго варење, a на тој начин се зачувуваат витамините и енергијата. Исто така зимското приготвување на храната самото по себе бара поголема зачинетост како што е солта или соја сосот и употребата на масло. Особено во зимскиот период за зголемување на енергијата придонесува употребата на морските алги, житарките, мешунките и динстаните јадења од зеленчук. Во текот на зимскиот период добро е да се употребува повеќе ѓумбирот и тоа заедно со динстан зеленчук и други јадења од зеленчук, секако интегралниот ориз е нешто што не треба да го изоставите бидејќи дава топлинска енергија особено ако најпрво го пропржите на сува тава.

Истиот овај циклус на приготвување храна можеме да го споредиме со промените кои настануваат на дневно ниво, односно утрото е пролет, пладнето е лето, попладнето е есен, додека пак вечерта е зима. Па ако за вечера треба да јадеме нешто што ќе ни ја стабилизира енергијата, ќе нè смири, така и исхраната и начинот на готвење во зима треба да ни биде таков што ќе ни ја заштеди енергијата, ќе ни даде топла енергија и обратно.
Многу е важно да се храниме сезонски односно со она што во тоа годишно време нормално би растело и зреело иако сега знаеме дека начинот на одгледување особено на зеленчукот е многу совршен, но таквиот зеленчук ја нема истата енергија и нутритивна вредност со истиот тој кој би растел во нормални и природни временски услови. Затоа најпосакувани и најдобри,она што во зимскиот период ќе ни даде вистинска стабилизирачка енергија, се интегралните житарки. Нивната секојдневна употреба можете да ја споредите со енергијата што сонцето ѝ ја дава на земјата со нејзиното секојдневно орбитално вртење околу него.

Според тоа храната што се вари и се јаде топла го загрева телото, додека ладната и сировата храна го разладува. Нашата внатрешна температура се менува во зависност од тоа која ја јадеме. Некои намирници се променливи во зависност од нивната термичка обработка како што е солта. Ладната сол има разладувачка енергија додека пак ако ја загреете таа создава топлина и го грее вашето тело. Маслата исто така кога ги ставате во динстани јадења нивната енергија се претвора во загревачка. Постојат и други намирници кои ако знаеме каква енергија даваат можеме да си го прилагодиме нашето обезбедување со топлинска загревачка енергија.

  • најсилна топлинска енергија: ѓумбирот
  • топла загревачка енергија: сенфот, пченицата
  • умерена загревачка енергија: гравот, интегралниот ориз, зелка, морков, целер, краставицата, сојата
  • разладувачка енергија: дајкон, лук, јачмен

Вкусовите исто така кореспондираат со годишните времиња:

  • киселата ја карактеризира пролетта - таа ја стега, собира и ја забрзува енергијата. Особено е корисна за црниот дроб и жолчката. Карактеристични кисели вкусови се:леб од кисело тесто, пченицата, оцетот и лимонот.
  • горчливото се поврзува со летото и неговата енергија е сува и неконцентрирана. Таа го стимулира срцето и тенкото црево. Тука се цикоријата, глуварчето, црниот сусам и некои видови пченка.
  • слаткото особено асоцира на касното лето, а типичен пример се житарките, мешунките и многу видови на зеленчук особено оној со топчест облик како што се кромидот, тиквата и зелката. Нивната природна слаткост е всушност нивната хранлива енергија. Таа ви го релаксира и центрира целото тело, а особено ја смирува слезината, желудникот и панкреасот. Тука не се вбројува белиот преработен шеќер затоа што тој не се вбројува во слаткиот вкус туку во лутиот заради ефектите кои ги создава.
  • лутиот и многу зачинатиот вкус одговара на касната есен и со својата острина дава врела или дисперзирана енергија. Лутата храна има силна влезна енергија со правец кон надвор и ја стимулира циркулацијата и помага во исфрлање на супстанции од длабочината на телото кон површината. Тука се младиот кромид, дајконот, ѓумбирот, биберот. Овај лут вкус особено корисен е за белите дробови, дебелото црево, но премногу лутиот вкус создава хиперактивност, премногу ја стимулира крвта и ги надразнува цревата.
  • солениот вкус асоцира на зимата и тој нè снабдува со ослободителна надолна енергија. Квалитетната сол ги смекнува тврдите состојби и ги заштитува бубрезите и мочните патишта. Тука се алгите и соја сосот(тамари).Во овај солен вкус не се вбројуваат преработките од животинско потекло кои содржат многу натриум зошто тие ги оштетуваат бубрезите и дополнително го оптеретуваат срцето.

ОД СЕТО ОВА СЕ ЗАКЛУЧУВА:

ЗА ДА ГО ЗАЧУВАТЕ ЗДРАВЈЕТО ВО ЗИМСКИОТ ПЕРИОД И ДА ПРЕВЕНИРАТЕ РАЗНИ ИНФЕКЦИИ И ЗАБОЛУВАЊА КОИ ДЕМНАТ ВО ЗИМСКИОТ ПЕРИОД  ПРИГОТВУВАЈТЕ И ЈАДЕТЕ ХРАНА ШТО Е ВО СОГЛАСНОСТ СО ГОДИШНОТО ВРЕМЕ И ПРИЛАГОДЕТЕ ГИ ВКУСОВИТЕ ЗОШТО САМО ТАКА ЌЕ СЕ СНАБДЕТЕ СО ДОВОЛНО ТОПЛИНСКА ЗДРАВА ЕНЕРГИЈА СО КОЈА ВАШИОТ ОРГАНИЗАМ ЌЕ СЕ БОРИ ВО ЗИМСКИТЕ ДЕНОВИ.


автор: Petrovska Vesna

Оваа вест е прочитана 3264 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

28 Март

28 Март

Во 1986 година во Њујорк е родена Стефани Џоан Ангелина или позната за светската јавност како Лејди Гага. 

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус