Здравје

Неколку состојки кои го намалуваат крвниот притисок

21 март, 11:43

Природниот начин за намалување на покачениот крвен притисок досега се има покажано како многу успешна метода. 

Многу луѓе страдаат од последиците кои се предизвикани од покачувањето на притисокот, земаат најразлични лекови, инекции, примаат инфузии ...

За успешно справување со оваа непосакувана здравствена појава, најдобро е да ги следите неколкуте совети кои ќе бидат наведени подолу, редовно да ги практикувате и за одредено време да го доведете покачениот крвен притисок во нормални граници.  
Бидејќи веќе е докажана успешноста на лечењето по природен начин, време е да почнете да ги применувате природните и едноставни методи, кои за разлика од останатите медикаменти не предизвикуваат никакви негативни и непосакувани последици по здравјето.

Црното чоколадо го намалува покачениот крвен притисок, ја подобрува еластичноста на крвните садови и ги намалува или спречува шансите за добивање на мозочен удар. 
Јадете црни чоколада кои во својот состав содржат од 45 до 80% какао. Колку повеќе какао има во составот на чоколадото, толку подобро за вашето здравје.

Портокалите во голема мера го намалуваат крвниот притисок поради големото присуство на витамин Ц.
Треба да се јадат како свежо овошје или да се пијат како свежо исцеден сок. 
Како и да одлучите да ги внесувате во организмот, нема да погрешите бидејќи придобивките од ова на изглед едноставно и обично овошје се многу големи. Како нивна замена може да користите други видови храна кои исто така содржат голем процент на витамин Ц, како што се: грејпфрут, брокула, домат, јагоди, пиперки и киви.

Лососот познат е по тоа што е богат со голем процент на омега 3 масни киселини, кои не делуваат само врз намалувањето на покачениот крвен притисок, туку истовремено делуваат и врз триглицеридите во крвта, го нормализираат нивниот број. Лососот е одличен за нормална работа на срцето, па затоа најдобро е да се консумира два до три пати во текот на неделата. Консумирањето на било која риба е одлично за здравјето, а особено лососот. Како негова замена можат да се употребуваат скуша и сардини.

Бананите се одличен извор на калиум, кој пак влијае врз намалувањето на покачениот крвен притисок. 
Јадете по една банана дневно, во текот на подолг временски период и ќе се изненадите од резултатите кои ќе ги постигнете во борбата против покачениот притисок.

Благите компири одлични се кога се комбинираат со сечкано јаболко или целер и кога се прелеваат со маслиново масло, јаболкова киселина или мед и се јадат како салата. 
Големата количина калиум која ја содржи компирот ја нормализира работата на бубрезите, а со тоа се елиминира вишокот на натриум од организмот, што пак доведува до нормализирање на покачениот крвен притисок.

Било кои од овие состојки да одлучите да ги јадете за да го подобрите покачениот крвен притисок нема да погрешите, напротив, ќе му направите огромна услуга на вашиот организам за успешно да се справи со покачениот притисок и што е најважно, тоа ќе го направите по природен пат.

 


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 3807 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

28 Март

28 Март

Во 1986 година во Њујорк е родена Стефани Џоан Ангелина или позната за светската јавност како Лејди Гага. 

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус