Здравје

Одбегнувајте храна која содржи фруктоза

09 јануари, 11:17

Прејадувањето е проблем со кој се соочува голем дел од населението, независно од возраста и телесната маса. Сигурно се прашувате зошто е честа оваа појава?

Според истражувањата кои ги спроведуваат научниците од Универзитетот Јеил, САД, се покажува дека тоа се должи на фруктозата која влијае на мозокот и предизвикува неконтролирано внесување храна во организмот. Фруктозата најчесто се додава во преработена храна и сокови.

Користејќи го уредот за магнетна резонанца, научниците утврдиле дека откако личноста ќе конзумира пијалок кој содржи фруктоза, мозокот не го регистрира чувството на исполнетост.
Истражувањето е спроведено врз 20 млади и возрасни лица со нормална телесна тежина.

Хранете се здраво и избегнувајте ги шеќерите. За почеток почнете да пиете чај и кафе без шеќер, наместо сокови. Кога имате потреба од благо, конзумирајте сушено овошје кое изобилува со шеќери и витамини и е одлично за зимскиот период.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 4466 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

20 април

20 април

Во 1950 година е роден Столе Попов, еден од најистакнатите македонски филмски режисери.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус