Здравје

Правилен избор на витамини и минерали

08 ноември, 11:51

На многумина од нас ни се има случено на своја рака да земаме витамини и минерали мислејќи дека на тој начин ќе го подобриме нашето здравје.

Но, стручњаците предупредуваат дека внесувањето на витамини и минерали во организмот треба да биде умерено и дека прво треба да препознаеме каков витамински или минерален недостаток има нашиот организам, па потоа, по препорака на нашите лекари, да внесеме соодветни витамини.

Многу симптоми ни праќаат сигнали дека на нашиот организам нешто му недостасува, но ние, намерно или не, најчесто не ги забележуваме.

Во продолжение ќе бидат опишани дел од симптомите кои укажуваат на недостаток на некои витамини и минерали, прочитајте и дознајте нешто повеќе.

Што се случува кога ни недостига витамин C?

Се чувствуваат болки во мускулите и коските, телесен замор, бледа кожа, главоболка, склоност кон инфекции, недостаток на воздух, хроничен замор и преголема осетливост.

Недостиг на витаминот C најчесто се јавува кај пушачите и кај луѓето кои претеруваат со пиењето на кафе, чај и алкохол.

Што се случува кога имаме недостаток од калиум во организмот?

Се чувствуваат грчеви во мускулите, хроничен замор, поспаност, имаме недостаток на свежина и енергија.

Најголем показател дека на нашиот организам му недостига калиум, магнезиум или цинк е несоницата која трае повеќе денови.

Доколку забележете некои од наведените симптоми кои ви ги упатува вашето тело, немојте да ги игнорирате. Некое време набљудувајте ги и доколку забележете дека траат подолго време, обратете се кај вашиот лекар, кој ќе ви ја препише потребната дневна доза која ќе треба да ја земате за да го надминете недостатокот.

Немојте да земате витамини и минерали на своја рака бидејќи може да се случи наместо да му помогнете, да му одмогнете на вашиот организам во опоравувањето.


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 2640 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

28 Март

28 Март

Во 1986 година во Њујорк е родена Стефани Џоан Ангелина или позната за светската јавност како Лејди Гага. 

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус