Здравје

Рибата – превенција против асма кај децата

15 ноември, 12:52

Најновата студија на Медицинскиот центар Еразмос од Ротердам потврдила дека рибата игра голема улога во превенцијата на асма кај децата.

Според Jessica Kiefte-de Jong, авторот на студијата, одредени масни киселини кои ги содржи рибата заштитуваат од појава на асма кај децата.

Во испитувањето биле вклучени преку 7 000 илјади деца од Холандија, а истражувањата покажале дека децата кои јаделе риба уште од најмала возраст (од 6 месеци до 1 година) многу поретко заболувале од асма или имале отежнато дишење, за разлика од оние кои почнале да јадат риба подоцна.

Дури и конзумирањето на риба за време на бременоста се покажало дека го намалува ризикот од асма кај новороденчето.

T. Bernard Kinane, прочуен детски доктор од Бостон кој не бил вклучен во студијата, не се согласува во потполност со истражувањето на Kiefte-de Jong . Според него, студијата е во ред, но не може со сигурност да ја потврди важноста на возраста на која детето треба да се храни со риба и треба уште еднаш да се преиспита и потврди.

Докторот се согласува за важноста на рибата во исхраната, но потсетува дека голем број доктори советуваат рибата да не се користи во исхраната на новороденчиња поради опасност од алергии.

Сепак, она со што сите се согласуваат е важноста на рибата и фактот дека и сосема мало количество риба во исхраната го намалува ризикот од отежнато дишење и асма.


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 2709 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус