Здравје

Што се случува со телото откако ќе ги оставите цигарите

10 ноември, 06:59

Откажувањето од пушењето има многу придобивки, а некои од нив се чувствуваат веднаш.

Промените кои настануваат во телото се неверојатни, иако за чистење на организмот е потребен подолг период.

Колку порано се откажете од цигарите, толку поголеми ќе бидат и придобивките, но тоа не значи дека повозрасните не треба да размислуваат за откажување бидејќи и кај нив значително ќе се намали ризикот од болести.

Еве што се случува со телото по откажувањето од пушењето:

20-30 минути по последната цигара
Пулсот и крвниот притисок се намалуваат, се зголемува циркулацијата и се чувствува топлина во дланките и стапалата.

8 часа по последната цигара
Се намалува нивото на јаглерод моноксид во крвта, а се зголемува нивото на кислород.

48 часа по последната цигара
Чувствата за вкус и мирис се подобруваат.

78 часа по последната цигара
Бронхиите се смируваат.

2 недели до 3 месеци по последната цигара
Се подобрува циркулацијата, работата на белите дробови и издржливоста.

1 до 9 месеци по последната цигара
Се подобрува енергијата, белите дробови полесно ја чистат слузта, се намалуваат инфекциите и кашлањето.

1 година по последната цигара
Ризикот од болести на срцето се намалува за половина во однос на ризикот кај пушачите.

5 години по последната цигара
Ризикот од мозочен удар и рак на грлото на матката е ист како и кај оние кои никогаш не пушеле, а двојно се намалува ризикот од рак на хранопроводникот, грлото и устата.

10 години по последната цигара
Ризикот од рак на белите дробови е двојно помал од истиот ризик кај пушачите, а ризикот од рак на панкреасот е речиси ист како и кај непушачите.

15 години по последната цигара
Ризикот од болести на срцето сега е ист како и кај непушачите, како и ризикот од прерана смрт.

 

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 2887 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 Март

29 Март
Во 1943 година е роден познатиот грчки композитор на електронска музика Евангелис Одисеас Папатанасиу или за јавноста познат под уметничкото име Вангелис.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус