Здравје

Што треба да знаете за црвеното месо?

29 септември, 07:05

Црвеното месо тешко може да го исфрлите од домашното мени. И покрај преголемото количество на масти, црвеното месо е полно со протеини, цинк и витамин Б12.

Како и секоја храна има свои позитивни и негативни страни, но негативните се многу поголеми.

Црвеното месо помага за поздраво срце

Според студијата на Мајкл Расел, лицата кои конзумирале говетско месо успеале да го намалат холестеролот. Ова својство се должи на двата вида масти кои ги содржи говетското месо: стеаринска киселина (заситени масти) и олеинска киселина (мононезаситени масти).

Прерана смрт

Според истражувањата на Харвард, секојдневното конзумирање на црвено месо го зголемува ризикот од прерана смрт за 13%. Доколку секој ден конзумирате по една порција сланина или колбаси ризикот се зголемува за 20 %. Оваа опасност се должи на зголеменото ниво на холестерол и маснотии.

Подобрување на расположението

Според една австралиска студија се покажува дека со секојдневно конзумирање на 50 грама говетско или јагнешко месо помала е опасноста да станете депресивни или анксиозни. Тоа се должи на омега 3 масните киселни кои ги има во месото.

Го зголемува ризикот од канцерогени заболувања

Особено е штетно црвеното месо печено на скара. Месото печено на многу висока температура предизвикува реакции на две хемикалии, и тоа хетероциклични амини и полициклични ароматични јаглеводороди. Овие хемикалии го забрзуваат растот на мртвите клетки во организмот.

Не го изоставувајте целосно овој продукт од домашната трпеза. За да се заштитите од неговите негативни својства конзумирајте го понекогаш и практикувајте пред сè варено црвено месо.


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 2590 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

20 април

20 април

Во 1950 година е роден Столе Попов, еден од најистакнатите македонски филмски режисери.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус