Здравје

Супер здрави и вкусни зачини

02 ноември, 08:10

Вкусните миризливи билки во облик на листови, гранчиња или зрнца го збогатуваат вкусот на храната, а во исто време го зајакнуваат организмот и го подобруваат здравјето.

Можеби веќе ги користите во исхраната, но добро е да го знаете и нивното влијание врз здравјето.

 

 

Босилек
Ароматичната билка со зелени ливчиња има смирувачко дејство, ја намалува нервозата и напнатоста, влијае на намалување на стресот, а помага и при несоница.
Босилекот дејствува и при воспаление на бубрези и пореметувања на менструалниот циклус.
Неговите изразени антиоксидантни својства го прават одличен борец против стареење, рак и вируси.
Највкусен е во комбинација со доматни сосови и во салати.

bosiel, босилок, босилек

Ким
Во Египет и Индија кимот е познат како зачин кој има огромна лековита моќ. Ова чудесно растение го зајакнува желудникот, го поттикнува варењето на храната, ја смирува кашлицата, го зајакнува имунитетот, ја спречува појавата на рак, го стимулира производството на одбрамбени клетки, лекува болести на плуќата, кожни болести, ги смирува грчевите во матката, ги ублажува менструалните и породилните болки.

kim, зачин ким

Магданос
Најчесто го додаваме во супи и чорби, но ова растение треба што почесто да се користи во исхраната, најдобро свежо, како додаток на салати или да се стави во јадењето непосредно пред сервирање, за да не ги изгуби лековитите својства.
Магданосот го чисти телото од штетните материи, влијае на циркулацијата и срцето, го намалува крвниот притисок, ги штити крвните садови, го зајакнува имунолошкиот систем, ги штити бубрезите, спречува инфекции...


Чај од магданос за подобрување на видот

Лажичка исечкан магданос се вари со 2-3 дл. вода околу 2 минути. Се пие подолго време, 1 до 2 филџани дневно.


 

magdanos, magdonos, магданос, магдонос

Анасон
Анасонот покажува одлични резултати при лечење на болести на плуќата, болки во желудникот и цревата, а особено е значајно неговото поволно влијание врз крвта. Ова ароматично растение ја прочистува крвта и го олеснува исфрлањето на штетните материи од организмот.
Користите го во комбинација со многу видови на храна, со месо, зеленчук, едноставно најдете начин да го ставите на вашето мени.

анасон, anason

Зачинете го секој оброк со лажичка здравје.


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 5947 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НАЈПОПУЛАРНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

© 2018 MOJ PORTAL  All Rights Reserved.   изработено од Асидус