Здравје

И вишните се драгоцен лек!

24 јули, 07:28

Време е за цреши и вишни!

За лековитата моќ на црешите зборувавме неодамна, денес ќе се задржиме на исклучително лековитото дејство на вишните.

Овие вкусни плодови го негуваат организмот и му даваат чувство на ситост.

Вишните се богати со калиум, железо, фолна киселина, растителни влакна и витамини А, Ц и Е.
Благодарение на овие состојки, вишните се лек за многу болести, а особено се корисни за лечење на воспаленија кои може да доведат до многу сериозни здравствени проблеми.

Само 250 мл. сок од вишни во текот на 2 недели помага да се намали воспалителниот процес и да се нормализира новото на триглицериди.

Испитувањата покажуваат дека 20 вишни дневно имаат исто дејство како аналгетици од типот на ибупрофен, па наместо да пиете лекови, вишните ќе ги намалат болките предизвикани од воспаленија, артритис и болки во мускулите.

 

Вишните го штитат нервниот систем, претставуваат одлична превенција против рак, особено против рак на дебелото црево, а помагаат и кај заболените од рак на дојка и простата.


Го намалуваат ризикот од дијабетес и болести на срцето, помагаат за слабеење, бубрежни болести и воспаленија на мочните канали.

Чашата млеко пред спиење може слободно да ја замените со свеж сок од вишни кој ќе ви овозможи добар, длабок и квалитетен сок.

Од дршките на вишните се подготвува чај кој се користи за исфрлање на песок од мочните канали, против целулит, импотенција, хронична кашлица и болести на бубрезите.

Вишните се непроценлив дар од природата кој го има само во летниот период и тоа кратко време, затоа не пропуштајте да подготвите домашен сок и да исушите вишни за да ги имате во текот на целата година.


Дали знаете дека според будистичката легенда токму вишните ја одржувале здрава и сита мајката на Буда за време на бременоста?

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 6697 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

20 април

20 април

Во 1950 година е роден Столе Попов, еден од најистакнатите македонски филмски режисери.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус