Здравје

Знаеме ли сѐ за шипката?

30 септември, 00:24

Шипката е диво овошје кое расте во трнливи грмушки. 
Во народната медицина се употребувало уште пред многу години бидејќи луѓето уште тогаш знаеле за неговите лековити својства.
Иако шипката е препорачливо да се пие како чај, или да се консумира како свежо овошје во есен и во зима, може да се консумира и во овој дел од годината кога времето знае да биде ептен променливо, бидејќи покрај останатите лековити својства, шипката првенствено влијае врз подобрување на имунолошкиот систем.

Но зошто токму шипката е кралицата помеѓу овошјата и спаѓа во групата на природни мултивитамини?

Шипката претставува богат антиоксиданс, изобилува со витамини и тоа најмногу со витамин Ц, потоа витамини П, Б12, Б2, Б1, К, А, како и натриум, јаболкова и лимонска киселина, природен шеќер, етерични масла, пектин, ванилин, танин, протеини, растителни влакна, минерали и многу други корисни состојки.
Со еден збор кажано шипката претставува „природна витаминска бомба” за организмот затоа што го подобрува во секаква смисла на зборот.

Но како и со консумирањето на сите останати природни тревки и плодови, така и со шипката не треба да се претерува затоа што може да предизвика сосема спротивни и непосакувани ефекти по здравјето. 
Треба да се пие и јаде во умерени количини.

За што сѐ може да ви помогне шипката?

Шипката благопријатно влијае врз системот за варење, одлична е во лечењето на многу болести, а незаменлива е кога се консумира превентивно.
Ако чајот од шипка се пие редовно и во умерени количини, во голема мера ќе бидат задоволени потребите на организмот за витамин Ц.  

Шипката подготвена како чај исто така помага и за:

  • намалување на слободните радикали во организмот, со што се намалуваат шансите за заболување од рак;
  • ги чисти дишните патишта и го олеснува дишењето;
  • го чисти шлајмот од дишните патишта;
  • помага при инфекција на мочните канали;
  • спречува настинка и други вирусни инфекции;
  • го спречува стареењето на клетките и ги обновува истите;
  • го стимулира мокрењето;
  • штити од кардиоваскуларни болести;
  • ја подобрува циркулацијата;
  • ја прочистува крвта;
  • помага при мачнини;
  • благо го намалува покачениот крвен притисок;
  • помага за исфрлање на камчиња од бубрезите и мочниот меур;
  • многу позитивно делува на коските, мускулите и кожата;
  • одлична е против реума;
  • ги намалува болките предизвикани од заболени или расипани заби;
  • помага при детоксикација на организмот;
  • го намалува стресот и смирува;
  • го подобрува имунитетот;
  • зајакнува, освежува и ја зголемува енергијата;
  • ги намалува болките во желудникот;
  • го нормализира менструалниот циклус;
  • помага при лечење на хемороиди;
  • ја смирува кашлицата;
  • помага при лечење на акни, изгореници и лузни;
  • ги намалува брчките и ја подмладува кожата;
  • ги ублажува болките предизвикани од артритис;
  • го намалува покачениот холестерол.

Благодатите од шипката се огромни и поради нив токму таа - шипката е незаменлива овошка. 
Може да се консумира како свежо овошје, а може да се консумира и како чај и тоа приготвен од свежи или од суви плодови.

Како да подготвите чај од шипка кој ќе ги задржи сите хранливи и лековити состојки?

Во 1 литар вода ставете 200 до 300 грама суви или свежи плодови од шипка. Оставете ја водата на оган додека да зоврие. Откако ќе зоврие тргнете го садот од оган и течноста оставете ја да стои неколку часови или цела ноќ. 
Наредниот ден омекнатите плодови издробете ги со виљушка или испасирајте ги со блендер и вратете ги повторно во течноста. Ако има потреба додадете уште малку вода и садот ставете го повторно на оган додека да зоврие. Потоа тргнете го од огнот, оставете го да се олади, процедете го и во умерени количини пијте го во текот на денот. 
Чајот може да се заслади со мед или да се додаде цимет и лимон, но најдобро е да се пие без никакви додатоци бидејќи е многу вкусен и без нив.


Важно е да се спомне дека чај од шипка треба да пијат доилките, затоа што преку млекото витаминот Ц стигнува до бебето кое благодарение на него ќе биде поздраво и отпорно на настинки и други вирусни инфекции.


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 11209 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 Март

29 Март
Во 1943 година е роден познатиот грчки композитор на електронска музика Евангелис Одисеас Папатанасиу или за јавноста познат под уметничкото име Вангелис.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус