Здравје

Зошто да пиете вода со мед наутро?

28 октомври, 06:43

Една чаша млака вода со малку мед наутро прави чуда за вашето тело.

Медот сам по себе е еден од најздравите видови храна, а водата со мед има силно влијание врз нашиот организам и придобивките од овој пијалак се навистина големи. За уште подобри ефекти, во водата може да додадете и малку лимон.

 


Зошто да пиете вода со мед?

Млаката вода со малку мед го подобрува варењето, го хидрира дебелото црево и го забрзува метаболизмот. Телото поредовно ќе ги исфрла непотребните материи и отрови, а тоа благо ќе се одрази и на вашата телесна тежина.

Медот е најдобриот природен засладувач, па овој пијалак ќе ве освежи, но и ќе ве спречи да внесувате непотребни и лоши шеќери во текот на денот.

Водата со мед го зајакнува имуниот систем, помага при воспалено грло и кашлица, дава неверојатна енергија во текот на денот, а може да биде и добра замена за утринското кафе.

Покрај детоксикацијата на организмот, водата со мед ќе ви помогне и доколку имате гасови.

Малку млака вода со мед наутро никому нема да наштети, напротив, овој пијалак е една од најдобрите здрави навики кои треба да станат дел од вашето секојдневие.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 5145 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 Март

29 Март
Во 1943 година е роден познатиот грчки композитор на електронска музика Евангелис Одисеас Папатанасиу или за јавноста познат под уметничкото име Вангелис.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус