Животен стил, За неа

Жените и правилниот начин на исхрана (диетите)

20 ноември, 00:49

Многу жени се цврсто убедени и имаат мислење дека во никој случај не може да намалат неколку килограми доколку редовно јадат леб, кифлички и сѐ што се произведува од брашно. 
Но секако дека се во заблуда, бидејќи и покрај редовното консумирање леб, доколку правилно се комбинира храната и доколку се внесува во организмот редовно и во нормални количини, ослободувањето од вишокот килограми може да биде многу лесно и едноставно.

Кога станува збор за правилно комбинирање на храната се мисли пред сѐ на немешање на еден со друг вид храна, бидејќи погрешната комбинација не само што нема да резултира со намалување на килограмите, туку исто така и може да предизвика создавање на отрови во организмот, со што директно може сериозно да го загрози здравјето.

Оваа е основната поделба на храната:

- група 1: месо, млеко, јајца, риби, сирење и путер

- група 2: карфиол, спанаќ, лисест зеленчук, кромид, пиперки, домати, моркови, целер, црни домати, краставици, цвекло и боранија

- група 3: грав, грашок, компири, леќа, ориз, тесто, свежо овошје, леб и разни свежи салати 


Кај секоја диета или правилен начин на исхрана, меѓусебно е дозволено да се мешаат состојките од групата број 1 со состојките од групата број 2, или состојките од групата број 2 со состојките од групата број 3.

Во ниту една диета никако не е дозволено мешање на состојките од групата број 1 со состојките од групата број 3.


Со состојките од групите број 1 и 3 слободно може да се пие и по една чаша вино, а водата е задолжителна за секоја група состојки, треба да се пие редовно и колку што може во поголеми количини, затоа што таа покрај што е неопходна, исто така претставува и природен чистач на организмот.

Од направената поделба на храната се гледа дека во никој случај не треба истовремено да се јаде риба со леб, или друга недозволена комбинација.


По оваа поделба се раководат сите диети и заедничко за сите нив е правилото кое кажува дека во еден оброк истовремено не смее да се консумираат протеини, масти и јагленохидрати.


Исто така секогаш треба да се има на ум дека месото и останатите протеини првенствено се варат во желудникот, додека лебот и останатите производи од брашно се варат во усната шуплина и цревата. Поради тоа правилниот начин на комбинирање на храната дозволува месото да се јаде заедно со варен или обарен зеленчук кој не го забавува процесот на варење на протеините, за разлика од лебот.  
Свежиот зеленчук е дозволено да се комбинира со леб и друг вид на тесто затоа што и двата вида на храна многу кратко се задржуваат во желудникот, односно многу побрзо се варат и преработуваат.


Ако сакате здраво и природно да слабеете, без при тоа да се откажувате од омилената храна, придржувајте се до наведените совети и за брзо време очекувајте видливи промени во вашиот изглед. 


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 3333 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

17 април

17 април
Во 1972 година е родена Џенифер Гарнер, холивудска актерка која се прослави со улогата на агент на ЦИА во телевизиската серија „Alias”, за што беше наградена со Златен глобус и SAG награда
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус