Позитива, Мисли

Жените се...

12 октомври, 05:57

Жените се како кукли. Може да си играш со нив и да ги оставиш кога играта ќе ти здодее. Но знаеш што? Вистинските мажи никогаш не играат со кукли!

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 2056 пати.

Коментари [1]

Весна Пирузева Петровска

Да секако вистинските мажи не играат со кукли,но жените се навистина како кукли но СКАПОЦЕНИ КУКЛИ ОД НАЈФИН ПОРЦЕЛАН. Таквите кукли еднаш ги наоѓаш,ги земаш во рака и цел живот ги пазиш ги негуваш,внимаваш на нив како да се зеница на твоето око.Секој ден ги милуваш со поглед но таков поглед од кој љубовта се чита без букви.Секој ден правиш да биде како првиот кога си ја пронашол. Тогаш без да сетиш годишните времиња ќе се менуваат а таа веќе ти станала дружба без која ни за миг не ќе можеш да опстанеш.Кога пролетта и летото ќе дивее низ твоите вени ќе се насладуваш на нејзината убавина и со гордост ќе ја прегрнуваш и милуваш,а кога есента ќе почне студени ветрови да вгнездува во твоето тело и ќе почнат да се назираат првите снегови тогаш силно ќе ја припиваш до себе жедно црпејки од нејзината толлина и милост.Таа пак за сета таа твоја добрина ,внимание и љубов ќе ти даде бесценето нешто,ќе ти ја подари својата ДУША , ЧИСТА и ВЕРНА . ЗАСЕКОГАШ СВОЕТО СРЦЕ ЌЕ ТИ ГО ПОДАДЕ НА ДЛАНКА. Но ако ја земеш и ја ставиш само како кукла во излог и ја погледнуваш само тогаш кога сакаш да си поиграш со неа тогаш таа може да падне и порцеланот ќе се скрши и секое скршено парче ќе направи рана на твоето срце што до последниот здив ќе крвари. Да можеби жената е кукла но знае оној што имал кукла дека од куклите никогаш не се разделуваме за нив секогаш има почесно место во излогот што се вика ЖИВОТ. Ете и јас сум само една жена која знае што значи да се биде само кукла во излог. Со љубов од мене до сите Вас Весна

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

18 април

18 април

Денес се навршуваат 59 години од смртта на Алберт Ајнштајн, генијалец со објавени над 300 научни и 150 ненаучни трудови.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус