Зголемете го нивото на железо во крвта со овие природни состојки

23 октомври, 00:58

Голем број луѓе многу често се уморни, немаат доволно енергија за да ги извршуваат секојдневните активности, подолго време чувствуваат поспаност и немаат сила - симптоми кои се показатели дека нивото на железо во крвта е на многу ниско ниво.

Редовните лекарски контроли се неопходни за општото целокупно здравје, но и за да се избегнат ваквите непријатни ситуации.

Ако сте од оние луѓе кои знаат дека имаат проблем со железото, тогаш сигурно и знаете што треба да консумирате за да го одржувате на нормално ниво, но ако спаѓате во другата група на луѓе кои не знаат дека имаат проблем со железото во крвта а при тоа ги чувствувате набројаните симптоми, тогаш време е да направите анализа на крвта и време е да почнете здраво да се храните.

Наместо лекарства кои што покрај позитивни имаат и голем број негативни ефекти, најдобро е да пробате по природен пат да го регулирате нивото на железо во крвта.

Постојат голем број тревки, чаеви и други состојки кои се имаат докажано како многу успешни, а ние за вас издвоивме три од нив кои ги има во нашето опкружување и кои ни се на дофат.


КОПРИВАТА е позната како една од најлековитите тревки која успешно лечи анемија (слабокрвност) и секакви  болести кои се поврзани со крвта.
Најдобро е да се консумира свежа, но доста ефикасна е и кога е подготвена како чај. Копривата не предизвикува никакви несакани појави и поради тоа може да ја консумираат и трудници и доилки.
Копривата е одлична состојка која го подобрува имунитетот благодарение на железото, калциумот, магнезиумот и манганот кои ги има во огромни количини.
Употребувајте ја копривата во секојдневната исхрана како чај, чорба, свежа салата или како додаток во исхраната, само бидете внимателни да не претерувате, бидејќи може да дојде до надразнување на желудникот поради нејзиниот силен состав од минерали и витамини.


ПРОСОТО се наоѓа високо на листата на природни состојки кои ја подобруваат крвната слика токму поради процентот на железо кој го содржи во својот состав. Во 100 грама просо има 9 милиграми железо.
Придобивките од консумирањето просо се многу поголеми освен што го подобруваат нивото на железо во крвта, па така тоа се употребува и при кардиоваскуларни проблеми, проблеми со органите за варење, проблеми со бубрезите, при задржување на течности во организмот - особено кај трудници и за многу други здравствени проблеми.
Има малку специфичен вкус и подолго време треба да се подготвува, но кога се знае дека е верен сојузник на здравјето, тогаш не треба да постојат никакви изговори за негово не консумирање.


СУСАМОТ е одличен извор на железо.
Иако многу често го употребуваме во секојдневната исхрана, малку се луѓето кои знаат дека со внесени на само 25 грама сусам во текот на денот, во организмот се задоволуваат дневните потреби за внесување на железо.
Но не е само железото застапено во неговиот состав бидејќи сусамот изобилува и со калциум кој го има дури за 7 пати повеќе отколку во млекото, потоа изобилува со манган, селен, бакар и магнезиум.
Сусамот претставува одличен чистач на цревата при што го подобрува и забрзува метаболизмот.
Сусамот треба да се употребува секогаш кога има шанса за тоа, може да се јаде сиров, како додаток на јадења, како додаток во салати, чорби или едноставно промешан со јогурт како утрински оброк.


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 11221 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

19 април

19 април

Во 1956 година, славната Грејс Кели се повлекла од актерството и стапила во брак со Принцот Рение од Монако.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус