Живеј квалитетно

10 подароци за здравје

21 декември, 11:16

Сигурно размислувате што да им подарите на своите најблиски, а да им користи во секојдневието.

Ви предлагаме десет подароци со кои ќе се покажете дека се грижите за нивното здравје.

 

 

 

 

1. Ролер со пена

Ролерот со пена служи за масажа на грбот и мускулите на нозете. Масажа ги олабавува мускулите и ги намалува болките.

 

2. Јога ДВД

Јогата како древна индиска дисциплина која сè повеќе се практикува придонесува за смирување на телото и умот. Добро е да имате ДВД со јога вежби кои може да ги правите и дома.

 

3. Бежичен мерач за спортување

Бежичниот мерач брои колку чекори правите, колку километри сте поминале и колку калори имате потрошено.

 

4. Обувки со контагрип

Во зимскиот период се зголемува бројот на повреди поради лизгање. Погрижете се да ги заштитите вашите најблиски со квалитетни обувки кои имаат контагрип.

 

5. Опрема и прирачник за пилатес

Пилатесот е добар начин да ја задржите својата фигура во зимскиот период. Подарете квалитетна престилка, прирачник и помагала кои ќе го поттикнат и оној кој не практикувал да се обиде.

 

6. Мелница за тревки

Храната е многу повкусна доколку додадете зачини кои сами ќе ги направите, како што се сува мелена пиперка или нане.

 

7. Спортски ракавици и топер за коса

Рацете и ушите се најстудените делови од телото во зимскиот период. Изберете дизајн кој ќе одговара на се.

 

8. Ладен ролер

Ладниот ролер е добар за еластичноста на мускулите. Вистински подарок за оние кои седат по најмалку 8 часа во текот на денот.

 

9. Книга со вегетаријански рецепти

Не мора да сте вегетаријанец за да конзумирате вегетаријанска храна, направете промена и внесете возбуда во готвењето.

 

10. Блендер

Најдобриот начин да подготвите природен сос или густ сок. Подарок за доброто на цело семејство.

Изненадете ги оние кои ги сакате и за кои се грижите. Подарете со љубов од срце.

 


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 1464 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

19 април

19 април

Во 1956 година, славната Грејс Кели се повлекла од актерството и стапила во брак со Принцот Рение од Монако.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус