Живеј квалитетно

Блеснете на матурската забава

19 мај, 06:00

Како се ближи денот на матурската забава, еуфоријата е сè поголема.

Матурантките внимателно избираат фризура, шминка и облека сакајќи да изгледаат волшебно на матурската забава.

Матурантки, што да ве советуваме, а веќе не сте прочитале или слушнале?

Можеби најважниот совет кој може да го добиете е да бидете свои.

Не облекувајте премногу високи потпетици ако досега сте носеле само рамни чевли, не ставајте премногу шминка ако обично нежно се шминкате, направете едноставна фризура, бидете она што сте, бидејќи матурата не е избор на мис или модна ревија.

Тоа е ваша вечер, вечер за другарување, танцување и добра забава.

Изгледајте онака како што сами си се допаѓате, па дури ако тоа значи и едноставно фустанче и пуштена коса.

Ако сепак се одлучите за долги свечени фустани, избравме некои од најубавите фустани кои холивудските ѕвезди ги носат на црвениот тепих, но и неколку едноставни, кратки, но навистина слатки фустанчиња кои одлично прилегаат за млади девојки.

Што и да изберете ќе изгледате убаво, бидејќи младоста сама по себе има посебна убавина.

Ако пак на матурската забава заминете со добро расположение, па дури и ако фустанот или шминката не ви се погодиле, тогаш сте направиле вистински избор. 

Бидете насмеани и весели и уживајте на вашата забава.

Иако сега можеби не ви изгледа толку важно, дружењето и смеата е она што ќе го паметите од вашата матурска забава.

„Облечете” ја вашата најубава насмевка, понесете добро расположение и блеснете на вашата забава.


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 5055 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

23 април

23 април

Во 1616 година починал Вилијам Шекспир, англиски поет и драматург, автор на 38 драми, 154 сонети и неколку поеми.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус