Живеј квалитетно

Дали работите за да живеете или живеете за да работите?

15 март, 05:46

Што би одговориле на прашањето:
Што сакате да постигнете?

Секој ќе одговори различно, но поентата на сите одговори горе – долу ќе биде иста. Сакам да заработам доволно за да купам нов автомобил, сакам да купам поголем стан, да го разработам бизнисот, па да го проширам, да заработам доволно за да им оставам што повеќе на моите деца...

Дали некогаш сте се запрашеле што сакате да постигнете, но не во материјална смисла, туку во онаа најважната – што сакате да постигнете како луѓе?

Повеќето луѓе низ животот одат на слепо, едноставно талкаат без никаква цел, ако ја оставиме на страна целта да заработат што повеќе.

Бизнисот и трупањето пари ретко носат среќа. Низ современата историја има многу сведоштва за уништени животи, растурени семејства, стрес и болести, и сè заради посветеноста исклучиво на бизнисот.

А што е со вашиот живот? Нема да имате втора шанса, па треба да живеете токму денес, не утре, не по десет години кога ќе направите богатство кое некој друг ќе го троши.

Кога последен пат сте одлучиле да се посветите на семејството, да најдете време за најблиските, да му прочитате приказна на вашето дете, да се вратите дома навреме за ручек или вечера?

Парите не се пат до среќата, неопходни се за живот до одредени граници, но многу нешта кои може да ве усреќат и да ви овозможат квалитетен живот воопшто не се поврзани со пари.

Заработете доволно за живот, но не дозволувајте да живеете за да работите.

Животот е дар, прелетува за миг, па кога еден ден ќе погледнете зад себе, ако не најдете ништо друго освен богатството кое сте го создале, ќе сфатите колку сте биле сиромашни.

Што сакате од својот живот? Добро размислете пред да одговорите.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 2032 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 Март

29 Март
Во 1943 година е роден познатиот грчки композитор на електронска музика Евангелис Одисеас Папатанасиу или за јавноста познат под уметничкото име Вангелис.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус